Македонија
МНР го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Фабриката за лаги продолжува да шири манипулации и нетрпеливост
„Денешните паушални обвинувања на партијата, кои се без никаква основа, претставуваат уште од серијата манипулации создадени во фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ чија работа сѐ повеќе се засилува“, велат од Министерството за надворешни работи.
Како што велат оттаму, средствата од заедничката продажба на објектот на Мисијата на поранешна СФРЈ при ООН се делумно префрлени на сметката на Постојаната мисија во Њујорк, а соодветно на локалните правила и продажните услови, наскоро се очекува да биде префрлен и преостанатиот износ со што ќе се заокружи целата купопродажна трансакција согласно договорот.
“Согласно правилата дефинирани од адвокатската канцеларија, сѐ додека не биде префрлен целиот износ не може да се врши парцијален трансфер на средства во буџетот на земјава, имајќи предвид дека токму остатокот кој треба да биде уплатен воедно претставува и гаранција за уплата на данокот од страна на купувачот на имотот на поранешната СФРЈ. Ова правило не претставува исклучок за нас, туку истото го почитуваат и другите држави наследнички на кои исто така им следи соодветен дел од средства од продажбата на имотот. Во врска со начинот на кој ќе се употребат овие средства, откако ќе бидат вратени во буџетот, постои заклучок на Влада со кој е предвидено од овие средства да бидат купени простории за постојаната мисија во Обединетите нации во Њујорк како и објект за амбасада во Софија“, додаваат од МНР.
Оваа реакција на МНР доаѓа по прес-конференцијата на Стоилковски за сукцесијата на имотот на поранешна Југославија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

