Црна хроника
Тетовец измамен за сума од 6.000 евра, дал капар за стан, но станот бил продаден на друго лице

Во текот на вчерашниот ден во 09.10 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско село пријавил дека во периодот од 2019 до 2023 година бил измамен за сума од 6.000 евра.
Според пријавеното, во 2019 тој дал капар од 5.000 евра за купување стан, но станот бил продаден на друго лице и парите му пропаднале. Како што е пријавено, пролетва со него и неговата сопруга стапило во контакт лице кое се претставило како адвокат и им ветило дека може да им помогне станот да биде на нивно име, за што побарало 1.000 евра, а по извршената уплата му дало уплатница на друго име, по што се посомневал дека е измамен и пријавил во полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.