Македонија
Голем избор на патнички осигурувања од „ВИНЕР осигурување“

Патничкото осигурување е една од најважните работи кои треба да ги понесете со себе кога патувате надвор од државата. Затоа внимателно одберете пакет на осигурување според вашите потреби преку реномирана и доверлива осигурителна компанија.
За ваш безгрижен летен одмор, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, нуди повеќе пакети за патничко осигурување по најповолни услови и можност за онлајн купување на полисата. Може да изберете некој од понудените пакети за патничко осигурување: Компакт, Премиум, Екслузив или Егзотик со покритие од голем број ризици, со прилагодени осигурени суми и со широко територијално покритие, по поволни цени.
Така на пример: Егзотик осигурувањето, за период од 7 дена ќе ве чини 140 денари, а ги содржи основните осигурителни покритија и важи за сите земји. Инаку може да се користи во текот на целата година, со период на траење на покритието по избор на клиентот.
За сите оние кои одговорно го планираат своето патување, со патничкото осигурување од ВИНЕР Осигурување ќе ја зацврстат таа сигурност, но и ќе го зачуваат семејниот буџет во случај на непредвидени трошоци.
Доколку не успеете да стигнете во некоја на нашите филијали, полисите за патничко осигурување може да ги купите и онлајн, на следниот линк: webshop.winner.mk/travel/WebInsuranceClient/PatnickoOsiguruvanje
Ви преостанува само да ја изберете вашата следна дестинација и да ги искористите сите поволности кои ги нуди Винер – Виена Иншуренс АД Скопје.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во тек е акција за апсење на повеќе лица во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани, потврдија од Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи. Од Обвинителството велат дека надлежните институции координирано ќе ја информираат јавноста штом бидат завршени дејствијата кои се во тек.
Основното јавно обвинителство Кочани вчера до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.
Како што сooпштија, само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката. Во исто време, посочија од ОЈО, продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.
За пожарот во Кочани, Основно јавно обвинителство досега отвори истрага против 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 61 лице, а речиси 200 беа повредени.
Македонија
СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

СДСМ бара итна и целосна истрага за скандалот на Кардиохирургија и утврдување на одговорност за последниот смртен случај каде пациент почина со пукната аорта, велат од партијата.
„Условите и околностите кои довеле до овој трагичен исход мора да бидат истражени и да следи одговорност.
Дали навистина, како што се тврди на Клиниката за кардиохирургија, операционите сали не функционирале кога пациентот во критична состојба бил донесен на клиниката?
Зошто пациент со пукната аорта – состојба што бара итна интервенција – не бил опериран?
Зошто бил вратен, и покрај тоа што неговиот живот висел на конец?
Ова не е само здравствен, туку и човечки и морален скандал.
На Онкологија нема лекови, луѓе умираат по клиники, хаосот во здравството со ДПМНЕ и Таравари зема преголем замав.
Човечки животи не смеат да бидат изгубени поради хаос, немарност и недостиг на одговорност. Овој случај мора да добие јасен одговор и одговорност!“, пишува во соопшението на СДСМ.
Македонија
Министерот Муцунски денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум (ADF2025), што се одржува од 11 до 13 април 2025 година во Анталија, Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и во организација на Министерството за надворешни работи на Турција.
Во рамки на Форумот, министерот Муцунски ќе се обрати на панел-дискусијата на тема: „Regional Ownership for a Prosperous Future in the Balkans“, а ќе оствари и бројни билатерални средби со негови колеги – министри за надворешни работи.
Во ера на зголемена нестабилност и непредвидливост, обележана со комплексни предизвици и повеќекратни кризи, Анталија Дипломатскиот Форум има за цел да ги анализира системските предизвици со кои се соочува мултилатералниот поредок и да поттикне конструктивен дијалог за враќање на дипломатијата во брзо менувачката меѓународна средина. Согласно најавите, Форумот ќе собере глобални лидери, креатори на политики, академици, бизнис експерти, како и претставници на медиумите и граѓанското општество, со цел размена на мислења за тоа како дипломатијата може да придонесе кон заедничка акција и одговор на глобалните предизвици во фрагментираниот свет.