Македонија
Ковачевски: Илинденската идеја е нашиот континуитет низ вековите, Илинден живее во сите нас!
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски упати честитка по повод големиот државен празник 2 Август – Ден на Републиката, што годинава се одбележува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“ и Денот кога пред 79 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност.
„ Нека ни е честит и вековит Илинден-Денот на Републиката! Денеска ги празнуваме двата Илиндена, темелници на македонската државност, јазик и култура. Го чествуваме нашето славно минато, свртени кон посветла иднина!
Денешниот историски ден да го славиме сите заедно, обединети со иста верба во нашата просперитетна иднина! Илинденската идеја е нашиот континуитет низ вековите, Илинден живее во сите нас!“, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во честитката по повод големиот празник Илинден.
„Вечна благодарност на нашите илинденци и асномци, чија борба за слободна, независна, демократска, прогресивна македонска држава и мултикултурно општество, денес е наш аманет и патоказ по европскиот пат.
Нека ни е честит Илинден – Огниште на татковината!“, се вели во честитката на премиерот Димитар Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Претходната Влада на СДСМ и ДУИ ги ограбуваше граѓаните, ова Влада инвестира и реализира капитални проекти
Македонија
ЈСП Скопје предупредува на лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска
ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска.
Ова како што информираат е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“, за која, како што тврдат не е поврзана со ЈСП Скопје.
„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните“, нагласуваат од ЈСП Скопје.
Македонија
Средба Муцунски- Дрекслер: нагласена важноста од натамошно унапредување на меѓусебната соработка на патот кон ЕУ
Денес, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ја прими на средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.
На средбата беше изразено заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи меѓу двете земји, кои се одликуваат со редовен политички дијалог и интензивна размена на посети на високо ниво во изминатиот период. На таа линија, беше изразено задоволство од неодамна одржаната средба на министерот Муцунски со германската сојузна министерка за надворешни работи, Аналена Бербок во Берлин, на која беа поздравени одличните билатерални релации и реафирмирана германската поддршка за нашиот европски процес.
Посебно беше нагласена важноста од натамошно унапредување на меѓусебната соработка во рамки на евро-интегративниот процес на нашата земја и продолжување на цврстата поддршка на Германија на тој пат.
Во овој контекст, министерот Муцунски додаде дека земјата останува силно посветена на исполнување на неопходниот реформски процес за членството во Европската унија.