Свет
(Видео) Активисти упаднале во куќата на британскиот премиер: се качиле на покривот од неговата куќа и развиориле транспарент
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/ењ-1.jpg)
Активисти на организацијата „Гринпис“ денеска се искачија на покривот на куќата на британскиот премиер Риши Сунак во Јоркшир во знак на протест поради проширувањето на ископувањата за нафта и гас во близина на брегот на Шкотска.
Двајца демонстранти користеле скали и јажиња за качување за да стигнат до покривот на куќата на Сунак, каде што развиле транспарент од црна ткаенина за да ја покрие едната страна од зградата, пишува „Скај њуз“.
,Другите двајца развиле транспарент на кој пишувало: „Риши Сунак – профит од нафтата или нашата иднина“.
Сунак претходно најави дека британската влада ќе издаде десетици нови дозволи за ископување нафта и гас во Северното Море, велејќи дека фосилните горива сè уште ќе бидат потребни до преминот кон нулта емисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Турист пронајден мртов во Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/grcija-plaza.jpg)
Американски турист (55) денес бил пронајден мртов на грчкиот остров Матраки.
Раниот топлотен бран се совпадна со бранот на исчезнувања и смртни случаи на туристи.
„Постои заедничко нешто. Туристите кои починаа планинареа на високи температури“, изјави за Ројтерс, Петрос Василакис, портпарол на полицијата во Јужното Егејско Море.
Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозли беше пронајдено на 9 јуни на островот Сими по четиридневна операција за пребарување со помош на авиони и дронови. Мозли наводно одел сам на високите температури пред да исчезне.
Полицијата не го откри идентитетот на Американецот чие тело во неделата беше пронајдено во близина на плажата во Матраки.
– Телото е префрлено на Крф каде ќе биде извршена обдукција – изјави полициски претставник за Ројтерс.
Друг турист, Холанѓанец, кој имаше 74 години, беше пронајден мртов на островот Самос во саботата, додека двајца планинари беа пронајдени безживотни на Крит на 5 јуни.
Спасувачките екипи трагаат по две постари Французинки на Сикинос и по американски полицаец (59) на Аморгос.
– Во тек се две операции за пребарување на други острови. Распоредени се спасувачки екипи и доброволци кои со помош на дрон и куче спасувач трагаат по исчезнати лица – изјави Василакис.
Свет
Хаос на летот од Мароко до Лондон: Авионот принудно слета поради масовна тепачка меѓу патниците
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/avion.jpg)
На летот на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ од Агадир, Мароко до Лондон, избила масовна тепачка меѓу патниците, поради што пилотот принудно слетал, објави „Њујорк пост“.
Весникот наведува дека инцидентот кој се случил на 3 јули почнал уште пред полетувањето кога еден од патниците побарал да го смени седиштето.
Тепачката избила на летот за лондонскиот аеродром Станстед, а патниците врескале еден кон друг додека персоналот на авиокомпанијата давал се од себе за да ги смири.
„Беше толку стресно. Тоа беше како пекол. И се ескалира кога еден човек сакаше да го смени седиштето“, раскажа патник на летот.
Свет
Во Киев е прогласен ден на жалост
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-08-160716.jpg)
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи 9 јули за ден на жалост по смртоносните напади на главниот град.
Сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје на институционалните згради низ градот, објави тој на Телеграм, а сите забавни настани се откажани.
Најмалку 20 луѓе загинаа во главниот град, вели Кличко, а речиси 100 се ранети.