Македонија
Демократскиот сојуз: Државниот врв на Илинден се скри од народот
Државниот врв вчера држеше говори на најголемиот македонски национален и државен празник Илинден далеку од народот, со силно полициско обезбедување и избрани гости, реагираат од Демократскиот сојуз.
„Имаше обид да се злоупотреби овој светол празник, да се повикува на илинденците и на востанието за наводно да покажеме и сега храброст за да се промени Уставот за Македонија да ги почне преговорите за влез во ЕУ. Многу е несоодветно кој било да се споредува со илинденците или со партизаните и да се повикува на народот, истовремено да се бега од народот или да се направи нешто што 80 % од народот не го прифаќа“, истакнуваат од партијата на Трајанов.
Според нив, неоспорно е дека членството во ЕУ е наш национален, стратешки и државен интерес, но токму државниот врв, како што велат, нѐ заглави на тој пат со прифаќање неприфатливи услови, со коленичење и сервилност, без консултации со народот, без стратегија и поширок политички консензус.
Демократскиот сојуз со порака до власта: „Доколку сакате да водите исправни политики, да спроведувате реформи и да создавате услови за подобар живот за сите граѓани, тогаш организирајте парламентарни избори. Барајте поддршка, не бегајте, не скривајте се од народот“.
„Со политички блефови, театар, манипулации и злоупотреба на историските настани, нема да победите, ниту ќе направите реформи, а уште помалку ќе обезбедите сполотеност и единство. Ќе купите некој ден повеќе да бидете на власт, но народот ќе ве казни. Национален, државен и граѓански интерес е да се организираат избори и да се проверат политиките што се нудат“, се истакнува во соопштението на Демократскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска
Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Гордана Силјановска-Давкова, реагира министерот за правда, Кренар Лога.
„Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како В.Д.“, порача Лога.
Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка ја напушти пленарната сала во знак на протест.
Македонија
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
Гордана Силјановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во „Вила Водно“.
Таа претходно беше во Собранието каде што даде свечена заклетва за совесно и одговорно извршување на должноста.
Силјановска потоа се обрати пред пратениците, каде повика на единство, истакнувајќи дека ќе биде претстедателка на сите партии и сите граѓани, а говорот им го посвети на жените, сугерирајќи дека ќе биде инспирација за нивно учество во политичкиот живот.
Од денес почнува нејзиниот петгодишен претседателски мандат. Таа е шести претседател, и прва жена која се здобила со оваа функција од осамостојувањето на државата.
Македонија
(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“
Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка ја напушти пленарната сала во знак на протест.
Во продолжение, видеото од заклетвата.