Свет
(Вознемирувачко видео) Во еден напад уништивме 200 руски војници на плажата, тврди Украина

Украинските власти објавија дека неутрализирале речиси 200 руски војници во напад на ХИМАР на плажа, пишува „Бизнис инсајдер“.
Националниот центар за отпор во земјата, управуван од украинската војска, објави снимка од нападите со беспилотни летала на „Фејсбук“ велејќи дека тие уништиле десетици војници и руска опрема.
Додаваат дека нападот го извршиле откога од локални извори добиле информации за движењата на руската армија.
На снимката од дронот се гледа дека на плажата има многу војници, некои од нив вежбаат. По тоа, се гледа напад на ХИМАР.
Украинскиот медиум „Евромајдан прес“ објави дека нападот бил извршен на островот Џарила, на тенок песок во Црното Море. Се наоѓа во регионот Херсон под руска окупација.
Медиумите објавија дека „загубени се и до 200 руски војници“, иако не е јасно колку загинале или се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Украина има потреба од сè поврзано со безбедносните гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја има потреба од „сè“ кога новинар го праша какви безбедносни гаранции ѝ се потребни за да се постигне договор.
Тој рече дека Украина најпрво има потреба од силна армија, што вклучува оружје, луѓе, обука и разузнавачки информации, пренесува „Си-ен-ен“.
Додаде и дека сето тоа ќе зависи од „големите земји“, како што се САД и другите сојузници.
Зеленски денес престојува во Вашингтон кадешто се сретна со претседателот Доналд Трамп во Овалната соба. Одговарајќи на новинарски прашања, украинскиот претседател изрази подготвеност за трилатерална средба со Владимир Путин и Трамп. Тој повтори и дека нема да има избори во земјата додека трае војната.
Свет
Зеленски му предаде писмо до Трамп: „Не е за тебе, туку за твојата сопруга“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес му го предаде на американскиот претседател Доналд Трамп писмото од првата дама на Украина.
Зеленски моментално е во Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа, а со него се и клучни лидери на европски земји.
Тој му кажа на Трамп дека писмото е наменето за првата дама на Америка, Меланија Трамп.
„Мојата сопруга, првата дама на Украина, ми даде писмо. Не е за тебе, туку за твојата сопруга“, рече тој, пренесе „Си-ен-ен“.
Минатата недела, Трамп достави писмо од Меланија Трамп до рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Алјаска.
„Во денешниот свет, некои деца се принудени да носат тивка насмевка, недопрена од темнината околу нив“, стоеше во писмото, потпишано од првата дама на САД до Путин.
Зеленски на денешната средба со Трамп, јавно и’ се заблагодари на Меланија.
Свет
По критиките на претходната средба со Трамп, Зеленски овојпат доби комплименти за облеката

Денешната средба помеѓу лидерите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, се одвиваше во многу попријатен тон од претходната, а двајцата лидери во повеќе наврати и се шегуваа.
Новинарот Брајан Глен, кој го критикуваше Зеленски во февруари затоа што не носел одело, сега му рече: „Изгледаш фантастично во тоа одело. Се извинувам за нападот во февруари“.
На тоа, Доналд Трамп додаде: „И јас му го кажав тоа“, истакнувајќи дека Глен го „нападнал“ Зеленски минатиот пат.
Зеленски се насмеа и одговори: „Се сеќавам на тоа“, а потоа се пошегува дека Глен носел исто одело како и тогаш: „Јас се пресоблеков, ти не“.
Темата во што денес ќе се појави облечен Зеленски деновиве беше во фокус во Вашинтон.