Спорт
Американец во Шефилд

Дефанзивецот Остон Трасти е нов играч на Шефилд Јунајтед, објави англискиот клуб. Поранешниот член на Арсенал потпиша четиригодишен договор со новиот премиерлигаш.
Американскиот репрезентативец дојде во Арсенал во јануари минатата година од Колорадо, но не играше за лондонскиот клуб.
Минатата сезона ја мина во Бирмингем каде на 48 натпревари постигна четири гола и забележа две асистенции.
24. годишникот дебитираше за репрезентацијата на САД во март оваа година.
Шефилд Јунајтед минатата сезона избори промоција во Премиер лигата, првпат по сезоната 2020/21.
Клубот од Шефилд ја отвора сезоната во Премиер лигата на 12 август на домашен теренпротив Кристал Палас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Микелето МВП на одбојкарскиот мундијал

Пред доделувањето на медалите на Светското првенство во Манила, публиката ги поздрави членовите на идеалниот состав.
Најдобрите примачи на сервис се Алесандро Микелето (Италија) и Александар Николов (Бугарија) – двајца играчи кои долго време ќе водат големи битки и на клупско и на репрезентативно ниво.
Коректор кој дефинитивно најмногу се издвои е Јури Романо (Италија). Со него во дијагоналата е како и обично репрезентативниот колега, Симоне Џанели.
Средните блокери во идеалниот состав на првенството се Полјакот Јакуб Кохановски и Бугаринот Алекс Грозданов. Најдобар либеро е Италијанецот Баласо.
МВП е Алесандро Микелето.
Да ве потсетиме дека Италија ја одбрани титулата светски шампион во одбојка, Бугарија го освои сребрениот медал, а Полска заврши на третото место.
Спорт
Директорот на Евролигата: Доколку УЕФА ги исклучи Израелците, ќе реагираме

Натпреварувањето во Евролигата ќе започне со натпреварите од првото коло во вторник, но се повеќе се зборува за проблеми надвор од теренот.
Проблемите се поврзани со израелските клубови, на кои им се заканува исклучување од одредени, можеби дури и од сите спортови на подолг период, поради ситуацијата во Газа.
Во некои земји, првенствено во Шпанија и Италија, а исто така и во Франција, беа забележани големи протести насочени кон политиката на Израел во поддршка на Палестина.
Имаше проблеми на познатата велосипедска трка Вуелта, а потоа се огласи шпанскиот премиер, правејќи паралела со Русија, барајќи соодветна реакција и исклучување на израелските спортисти од меѓународни натпревари.
Израелскиот велосипедски тим, како што е наведено, нема да може да учествува на претстојната трка „Џиро ди Емилија“ во Италија, каде што протестите се чини дека се најжестоки, поради закани за јавната безбедност.
Сепак, се чека и реакцијата на УЕФА, иако Еврокуповите траат долго… Од израелските тимови, само Макаби Тел Авив ги помина квалификациите, игра во Лигата на Европа и во четврток во 21 часот во Бачка Топола на стадионот на ТСЦ, ќе игра дуел од второто коло против Динамо Загреб.
Во претходното коло, Макаби играше против ПАОК во Солун, а навивачите на грчкиот тим имаа што да им кажат на Израелците, на чија клупа седи Жарко Лазетиќ, а за кои игра Кристијан Белиќ, повремен репрезентативец на Србија.
А како сето тоа ќе се одрази во Евролигата, останува да се види. Како и да е, во вторник, Ефес ќе го пречека Ефес во салата „Морача“ во Подгорица, додека Хапоел ќе игра против Барселона во Софија.
На прес-конференцијата одржана во Дубаи, токму тоа прашање не му беше поставено на директорот на натпреварувањето, Паулиус Мотиејунас.
„Тоа е тешко прашање и секогаш се обидуваме да ги избегнеме тие политички прашања. Очигледно е дека ја анализираме ситуацијата. Нашата тактика и пристап кон ваквите проблеми отсекогаш била да ги следиме другите спортски организации и лиги, па затоа ќе го сториме тоа. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе реагираме“, рече Литванецот, кој исто така додаде:
„УЕФА е фудбал, да видиме како ќе се шири. Но, кога една голема организација како таа донесува одлука, тогаш тоа има влијание врз другите. Тоа не значи дека некои ќе донесат одлука и ние веднаш ќе следиме, но ако другите спортски организации реагираат, дури и ако УЕФА реагира, тогаш ќе разговараме со клубовите. Најважно за нас е безбедноста на играчите, тимовите и навивачите. Тоа е најважно за нас“.
Макаби е дел од европските купови од 1950 година, ччен е на Евролигата, одоносно дел од 11-те клубови со А лиценца. Халоел сезонава прв пат избори учество во Евролигата.
Спорт
Румениге за трансферот на Волтемаде: Честитки до Штутгарт што најдоа идиот што плати толку многу пари

Членот на Надзорниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, ги нарече шефовите на Њукасл идиоти откако се согласија да платат 85 милиони евра за да го доведат Ник Валтемаде од Штутгарт.
Баерн се обиде да го доведе Волтемаде неколку пати ова лето и испрати неколку понуди, последната од околу 60.000.000 евра, но Штутгарт одби да го продаде својот играч за помалку од 75.000.000 евра.
Кога се чинеше дека 23-годишниот фудбалер ќе остане во Германија, Њукасл се согласи да плати 85.000.000 евра и бонуси.
„Можам само да му честитам на Штутгарт што најде, така да се каже, идиот кој би платил толку многу пари, бидејќи ние сигурно немаше да го сториме тоа. Реков: „Дојдовме до точка каде што тоа повеќе не е прифатливо. Не треба да ги исполнуваме сите нивни барања“, изјави Румениге за германските медиуми, како што објави фудбалскиот портал „Гол“.
Тој додаде дека трансферот покажал колку далеку стигнала Премиер лигата финансиски, оставајќи ги клубовите од Бундеслигата немоќни да се справат со нивната потрошувачка моќ.
Легендата на германскиот фудбал ги обвини играчите и нивните менаџери за воведување промена во динамиката на трансфери.
„Играчите и нивните агенти мора да бидат внимателни да не паднат во сопствената стапица. Парите мора да дојдат од некаде, а тоа доаѓа од проширување на натпреварувањата или започнување нови“, рече Румениге.
Баерн понуди 100.000.000 евра за напаѓачот на Баер, Флоријан Вирц ова лето, но клубот од Леверкузен ја отфрли понудата и прифати 125.000.000 евра од Ливерпул, рекорден трансфер во британскиот фудбал.
Румениге рече дека овие трансфери покажуваат дека клубовите во сопственост на милијардери или држави го нарушуваат пазарот и изјави дека фудбалот не смее да биде единствената индустрија во светот што губи пари.
Тој рече дека е загрижен за Бундеслигата и дека клубовите и играчите треба да разговараат пред да биде предоцна.