Македонија
Од „Брако“ излезе првата генерација техничари за производно машинство обучена по германски стандарди

Првите техничари образувани во „Брако“ по германски модел на практична настава го положија испитот и добија Сертификат со кој се потврдува дека завршениот средношколец има стекнато клучни стручни компетенции од соодветниот германски образовен профил.
Во „Брако“се спроведува учење преку работа во рамките на програмата за „Дуално образование“, на ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, преку која Делегацијата на германското стопанство овозможи во Македонија да се воведат елементи од германскиот модел на дуално стручно образование, според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија.
„Изборот за учење преку работа е позитивен тренд затоа што учениците по стекнатите вештини се вклучуваат во производствените технолошки процеси од чија што област стекнале не само теоретски туку и практични вештини“, вели Олгица Минова ,сертифициран ментор за Дуално образование во „Брако“ и член на комисијата за полагање теоретски и практичен испит за струката Техничари за производно машинство.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сали: „АС Сењак“, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим

Четврти ден владее молк и паника. Нема објаснување за трансакциите со акции меѓу фирмата „АС Сењак“ и компании поврзани со Сашо Мијалков, ниту пак за продажбата на истите акции на Алта Банка во Белград, банка блиска до режимот на Александар Вучиќ, вели Беким Сали од „Вреди“.
„Фактите се јасни: „АС Сењак“ е фирма со минимален број вработени и без реална дејност, но врти милиони евра. Приходите речиси целосно се совпаѓаат со тендерите добиени од општини предводени од ДУИ.
Со тие пари се купуваат акции од фирма на Мијалков, а потоа се продаваат на банката на Вучиќ. Само шест дена по продажбата, една општина предводена од ДУИ ѝ доделува на „АС Сењак“ два нови договори вредни 90 милиони денари – еден и пол милион евра. Тоа не може да се нарече случајност, туку исплата и награда за успешно завршена операција“.
Од партијата на Сали прашуваат: Али Ахмети, зошто твојата фамилија купуваше акции од Сашо Мијалков? Зошто токму тие акции завршија кај банката на Вучиќ? Дали тендерот од еден и пол милион евра беше наградата за тој договор? Колку станови, колку тендери и колку милиони евра чинат вашето „родољубие“?
Ова, според него, не е само политичка афера, ова е криминал кој бара итна одговорност.
„Парите на граѓаните очигледно се користеле за лични бизниси и за договори со структури кои работат против интересите на Албанците.
Времето на молкот заврши. Сега е време за вистина и правда.
Го повикуваме ДКСК и Јавното обвинителство итно да ги истражат овие противзаконски и криминални дејствија“.
Македонија
Без вода дел од скопски Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваat дека утре ( среда ) поради дефект на приклучна цевка на бул. Партизански Одреди бр. 59а, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од бул. 8 – ми Септември до Франклин Рузвелт. ( општина Карпош )
Македонија
Од утре промена на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање на ЈП Градски паркинг- Скопје

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје соопшти дека од 1.10.2024 (среда) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои стопанисува претпријатието.
Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде:
– Од понеделник до петок: 07:00- 21:00 часот,
– Сабота: од 07:00-14:00 часот.
На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно:
– Од понеденик до сабота: од 07:00- 23:00 часот.
„Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време“.