Македонија
Не била стручна, а предавала и била в.д. директорка на училиште во Струга, ДКСК ќе поднесе кривична против Мерко затоа што ја назначил на должноста
Државната комисија за борба против корупцијата ќе достави иницијатива до Основното јавно обвинителство Струга за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Мерко на незаконски начин двапати назначил вршител на должност, в.д. директорка на основно училиште во Струга, која немала завршено високо образование, ниту го имала потребното работно искуство, велат од Комисијата.
Од таму предлагаат кривично да се гонат и в.д. директорката и уште неколку други вработени, кои ѝ помогнале да фалсификува документи што ѝ биле потребни за изборот на функцијата директор.
„Градоначалникот на општина Струга спротивно на законот двапати ја назначил за в.д. директорка наставничката по англиски јазик иако таа не ги исполнувала условите за тоа. Дополнително, тој не го задолжил училишниот одбор да донесе одлука за објавување јавен повик за избор на директор на училиштето“, рече Шемси Салаи од ДКСК.
„Пријавената в.д. директорка предавала предмети за кои не била стручна и за кои е потребно високо образование. Имала 4 години и осум месеци работно искуство, што не е доволно за да биде назначена за директор. Дополнително, во тоа време таа немала уверение за положен испит за директор, а училишниот одбор не донел одлука за распишување јавен повик. Сето тоа го направила со фалсификувани службени исправи. Во исто време директорката сама на себе со анекс договор си го зголемила фондот на часови, што е спротивно на законот. Во тоа ѝ помагале поранешни директори. Со тоа тие ја злоупотребиле службената положба и фалсификувале слижбени исправи“, рече Салаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

