Македонија
Бектеши тврди дека не посредува меѓу Слупчане и ЕВН: Не знам што разговараат
Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека тој и институцијата, но и Владата, не посредуваат помеѓу Слупчане и ЕВН. Според него, барањето на ВМРО-ДПМНЕ тој да каже што е договорено и дали ќе се простуваат долгови на жителите е спин, а со ова се креираат и лажни вести. Не знае што се зборвува два дена меѓу слупчанци и ЕВН.
„Демантирам дека претставници од Министерството за економија, некој од Владата или јас, учествува во преговорите, кои се водат меѓу ЕВН и претставниците на Слупчане. Имајќи ги предвид заложбите на Владата како институции што ја следат енергетиката, ние даваме пораки во насока кон тоа да се намалат загубите кај државата. Но, најверојатно, спиновите од опозициските партии пренесуваат лажни вести кон граѓаните бидејќи прават споредба со села или регони, а кога ќе се отворат теми за кои тие треба да дадат одговор. А уште не се дадени одговорите дали во општините, кои се раководени од нивни кадри, се завршени извештаите за злоупотребите што се прават таму во делот на електричната енергија, а се многу поголеми. Загубите на електрична енергија се многу помали од вредноста не белата палата, во која ги креираат лажните вести“, рече Крешник Бектеши.
Тој рече дека се залага за правна држава, а сите граѓани да ги плаќаат обврските што ги имаат.
„Конкретни информации за тоа што е разговарано или договорено меѓу Слупчане или ЕВН – ние немаме. Ако тие имаат потреба да олесниме или помогнеме, ние сме тука, како и за сите граѓани, со цел да го олесниме процесот. Би ги замолил и политичките партии и медиумите да не даваме лажни информации дека одредени места крадат или злоупотребуваат електрична енергија. Да ја гледаме големата слика на ниво на државата“, додаде Бектеши.
Слупачне двапати остана без струја оти не даваше екипите на ЕВН да влезат и да ја модернизираат мрежата оти таму има големи загуби, според компанијата. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата тврдеа дека се соочуваа со вербални и физички напади. „Макфакс“ дојде до документот на жителите на Слупчане, испратен преку Општина Липково. Тој се состои од 14 точки, преку кои се бара за нив да не важат правилата што треба да ги почитува секој граѓанин, односно потрошувач, а тоа се простување долгови од илјадници евра и поврзување нови објекти без пари. Засега нема информации дали овој план е прифатен или не.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

