Свет
Поглавица од Амазонија со порака до политичките лидери: Ги убивате шумите, па еден ден ќе престане да врне и се ќе изгори

Поглавицата на домородно племе од бразилскиот регион Амазон, Раони Метуктире, ќе ги повика шефовите на државите во регионот на состанок неделава за да ги засилат своите напори за зачувување на прашумата Амазонија која освен што е од клучно значење за опстанокот на неговиот народ, клучна е и за глобалната клима.
„Ќе побарам од претседателот да се заложи за зачувување на шумите“, рече тој.
Тој рече дека заканите за дождовните шуми се намалени откако Луис Инасио Лула да Силва ја презеде функцијата претседател на Бразил во јануари, но опасноста за домородните народи сега лежи во бразилскиот Конгрес, каде земјоделското лоби бара законодавството да стави крај на понатамошното признавање на земјиштето на предците.
Раони е поглавар на народот Кајапо, домородна група која живее покрај реката Ксингу во областа каде што рамнините на саваната се сретнуваат со прашумата на Амазонија. Националниот парк Ксингу, резерват на народот Кајапо, со текот на времето беше опкружен со поголеми насади со соја и сточарски фарми, што резултираше со пресушување на реката, која пак е загадена од нелегални ископувачи на злато.
„Уништувањето на шумите на Амазон не е добро за домородните народи, а белиот човек мора да размисли и да го спаси она што остана од Амазон“, предупреди тој.
Осумте земји од Договорот за соработка на Амазон (ACTO) ќе се состанат во вторник и среда во Белем, град на устието на Амазон, за да се обидат да работат заедно за да се борат против уништувањето на шумите, да ги заштитат домородните народи и да промовираат одржлив развој во услови на климатските промени.
На средбата ќе учествуваат и високи претставници од САД и Франција. Раони рече дека неговиот народ го чувствува влијанието на климатските промени.
„Многу реки пресушуваат. Се чувствуваме многу топло, а температурата во селата е многу висока и има малку дожд“, рече тој.
Раони, за кој се верува дека има 91 година, рече дека неговите предци верувале дека еден ден ќе престане да врне, а потоа голем пожар ќе ја проголта човечката раса на Земјата.
„Овој мит е порака за вас белите луѓе. Мора да разберете дека ако не ја спасите шумата, сите ќе имаме проблеми, сите!“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Очекувам да се сретнам со Доналд Трамп во следните два месеци

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во следните два месеци.
„Очекувам да ја имам таа средба. Тој е премногу зафатен, секогаш е можно нешто да се смени, датумот се уште не е одреден, но знаете дека јас сум многу внимателен кога зборувам за тоа. Тоа би било огромна чест за нашата Србија и верувам дека е изводливо“, изјави Вучиќ.
Зборувајќи за вчерашниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, како и за нивната средба во април, Вучиќ рече дека секогаш имаат неколку важни теми за разговор.
„Вчера поминавме низ неколку важни теми. Понекогаш разговараме ненадејно. Како што оди по државен протокол, тоа е закажано и се чека пет до седум дена“, рече Вучиќ.
Свет
Белата куќа: Секоја земја која неправедно се однесува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини

Секоја земја што неправедно се однесува кон САД треба да очекува дека ќе биде цел на дополнителни царини, соопшти денеска Белата куќа, два дена пред американскиот претседател Доналд Трамп да ги објави, како што рече, сеопфатните, реципрочни царини.
„Секоја земја што се однесуваше неправедно со американскиот народ треба да очекува да добие царина во среда како реципрочна мерка“, им рече на новинарите портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, одбивајќи да даде дополнителни детали, според Ројтерс.
На прашањето дали ќе има исклучоци за земјоделците, таа рече дека „во овој момент нема исклучоци“.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.