Спорт
Нојер повторно опериран
На голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер со операција му биле отстранети металните импланти од ногата, која ги скрши на скијање на крајот на минатата година.
Баерн денеска соопшти дека операцијата била извршена ден претходно, како планиран дел од лекувањето на Нојер.
„Капитенот на Баерн веднаш ја продолжи рехабилитацијата“, се вели во соопштението. Клубот не прецизираше кога Нојер ќе се врати во тимот.
Нојер ја скрши ногата на скијање во декември и не отиде на претсезонската турнеја во Јапонија и Сингапур. Наместо тоа, Јан Зомер и Свен Улрих ги споделија минутите. Зомер и покрај тоа што бранеше на подготовките го напушта клубот и се сели во Интер.
Баерн поради тоа мора да донесе нов голман. Според шпекулациите на медиуми прв избор е голманот на Севилја, Јасин Бону.
Првиот натпревар во новата сезона Баерн ќе го одигра в сабота против Лајпциг, во германскиот Суперкуп.
Тимот од Минхен ќе ја започне одбраната на титулата во Бундеслигата на 18. август со натпреварот против Вердер Бремен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тотенхем убедлив против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“
Тотенехем убедливо го победи Манчестер јунајтед со 3:0 во претпоследниот натпревар од шестото коло во Премиер лигата. На „Олд Трафорд“, Тотенхем славеше со головите на Џонсон во првото и Кулушевски и Соланке во второто полувреме. Манчестер јунајтед од 42.минута играше со фудбалер помалку, директен црвен картон поради старт врз Медисон доби капитенот Бруно Фернандеш. Тотенхем по шест кола има десет, а Јунајтед седум бода.
Спорт
Гвардиола во Италија ја најде замената за Родри
Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола потврди дека сезоната е завршена за Родри (28). Фантастичниот играч за врска и еден од најдобрите фудбалери во светот ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено на премиерлигашкиот натпревар против Арсенал (2:2) одигран на 22 септември.
„Гардијан“ пишува дека Сити размислува да го доведе Самуеле Ричи (23) од Торино како замена за Родри. Станува збор за Италијанец способен да игра на неколку позиции во средниот ред.
Ричи е меѓу најголемите желби на Сити за зимскиот преоден рок. За да го доведат сопствениците на Манчестер сити ќе треба да платат околу 36 милиони евра, пишува „Гардијан“.
Спорт
(Видео) Погачар ја освои светската титула
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион, откако ја обезбеди титулата на шампионатот што се одржа во Цирих, Швајцарија.
Тој ја комплетираше „тројната круна“, бидејќи покрај оваа титула претходно беше победник на Тур Д’Франс и на Џиро Д’Италија.
Погачар оваа сезона собра вкупно 589 поени, што ја прави најдобра во историјата на велосипедизмот.
Досега најдобрите сезони, дури шест во периодот од 1969 до 1974 година, ги извезе Белгиецот Мерчк.
📊🇸🇮Pogačar 2024 is the best season in male pro-cycling ever according to @prestigelisten.
589 | 🇸🇮Pogačar’24*
585 | 🇧🇪Merckx’72
576 | 🇧🇪Merckx’73
548 | 🇧🇪Merckx’70
540 | 🇧🇪Merckx’71
511 | 🇧🇪Merckx’69
507 | 🇧🇪Merckx’74
440 | 🇮🇹Coppi’49
384 | 🇮🇪Roche’87— Cycling Statistics 📊 (@StatsOnCycling) September 29, 2024
Исто така, оваа година Погачар беше најбрз на престижните трки Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Волта Каталуња и Страда Бјанка.
Словенецот славеше во Цирих со време од 6:27.30, што е за 34 секунди побрзо од второпласираниот Австралиец Бен О’Конор и бронзениот Метју ван дер Пол од Холандија.
Tadej Pogačar is World Champion 🤩🌈
Attacking with 100km to go, the Slovenian completes the triple crown of the Giro, Tour de France and Worlds in one season 👏#Zurich2024 pic.twitter.com/SkzXDXXNv9
— Eurosport (@eurosport) September 29, 2024