Свет
Бурата „Ханс“ ги погоди Шведска и Норвешка – поплавени се куќи и патишта, луѓето се советуваат да работат од дома
Бурата Ханс донесе невреме и обилни дождови во Шведска и Норвешка, некои патишта се под вода, а имаше и прекин во железничкиот и траектниот сообраќај.
Во Шведска во неделата се забележани повеќе од 25.000 удари од гром. Во Малме дошло до краток прекин во снабдувањето со електрична енергија, поради што повеќе од 5 илјади луѓе останале без, објави телевизијата „СВТ“.
Поплавени куќи и подруми беа пријавени во округот Вестернорланд на северот од земјата. Норвешките метеоролози очекуваат влошување на ситуацијата и предвидуваат дека Ханс може да стане најсилната бура во земјата во последните 25 години.
Норвешкиот метеоролошки институт, кој ја именуваше бурата Ханс, издаде силни предупредувања за големи делови од јужна Норвешка кои ќе бидат во сила до вторник навечер.
Некои општини се предупредени за можни одрони. Властите ги советуваа луѓето да работат од дома. Очекувајќи силни ветрови, забавниот парк Конгепаркен во близина на Ставангер веќе објави дека ќе остане затворен во вторник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски воведе санкции за својот долгогодишен соработник Миндич по корупцискиот скандал со енергетскиот сектор
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес потпиша указ со кој се воведуваат лични економски и други санкции врз Тимур Миндич, обвинет дека е мозок на корупциска шема во енергетскиот сектор, како и врз Олександр Зукерман, бизнисмен и близок соработник на Миндич, објавија Укринформ и АФП.
Миндич е ко-сопственик на „Квартал95“, студио кое го ко-основаше Зеленски за време на неговата актерска кариера. Санкциите против 46-годишниот Миндич вклучуваат замрзнување на неговите средства.
Синоќа владата во Киев ги објави оставките на министрите за енергетика и правда поради нивната наводна вмешаност во скандалот.
Истражителите се сомневаат дека Миндич, клучен доверлив човек на Зеленски, ја оркестрирал шемата за кражба на 100 милиони долари, што ја налути јавноста во време на чести прекини на електричната енергија поради руските напади.
Украина долго време има сериозни проблеми со корупцијата, а борбата против неа е клучен услов за нејзините напори за приклучување кон Европската Унија.
Зеленски претходно побара оставка од министерот за правда Герман Галушченко, поранешен министер за енергетика за кој истражителите се сомневаат дека добил лична корист во шемата, како и од сегашната министерка за енергетика Свитлана Гринчук.
Не се поднесени обвиненија против ниту еден од нив, а Гринчук не е наведен како учесник во шемата.
Европа
(Видео) Рускинка му се заканува на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала музиката што ја пуштал
Во инцидент снимен од камерата во такси-возилото, Русинка му се заканувала на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала денс музиката на радио.
Снимката, која стана вирална, ја покажува жената како ладнокрвно вади оружје и бара промена во музичкиот жанр, објавува „Фри Прес Журнал“.
Видеото ја покажува патничката, која изгледа дека е во 50-тите години, како мирно седи на задното седиште пред да извади голема мачета од чантата. Потоа го турнала оружјето меѓу предните седишта, кон преплашениот возач, барајќи наместо тоа да пушта балади.
😳 In Russia’s Samara region, a taxi passenger threatened the driver with a machete — demanding he play shanson
A taxi ride in the Samara region nearly turned into a bloody scene after a passenger pulled out a machete and began threatening the driver, insisting he change the… pic.twitter.com/WwMM7vnTNY
— NEXTA (@nexta_tv) November 13, 2025
„Не ми се допаѓа ваков вид музика“, му рекла таа на преплашениот возач, кој се стреснал и се повлекол. „Разбирам, разбирам. Ќе ја исклучам“, одговара тој. „Кога ќе ја вклучиш мојата омилена балада, ќе ја тргнам мачетата“, додала жената.
Возачот, во паника, застанал покрај патот и, со рацете во воздух, брзо пронашол соодветна радио станица. Дури тогаш патничката го спуштила оружјето. Инцидентот наводно се случил во рускиот град Самара, а возачот наводно подоцна ја оставил жената на локалните гробишта.
Откако вознемирувачката снимка стана вирална, полицијата во Самара започна потрага по неидентификуваната жена. Иако возачот не поднел официјален извештај, службениците од полициската станица Смишљаевка потврдија дека го истражуваат случајот поради високиот јавен интерес.
фото: принтскрин
Свет
Фон дер Лајен: Путин греши ако мисли дека може да нè исцрпи, ЕУ одвојува 6 милијарди евра за Украина
ЕУ ќе ѝ додели 6 милијарди евра на Украина во рамките на заем од механизмот на Г7 за забрзување на вонредните приходи од блокираните руски средства (ЕРА) и од механизмот за Украина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред европратениците во Брисел.
„Путин сè уште верува дека може да нè исцрпи. Тој сè уште мисли дека со текот на времето Русија може да ги постигне своите цели на бојното поле. Ова е јасна грешка“, рече таа.
„Сега е време да се даде нов импулс за разоткривање на циничните обиди на Путин да купи време и да го принуди на преговарачка маса. Мора да продолжиме да ги зголемуваме воените трошоци на Русија, особено бидејќи раните на руската економија стануваат повидливи. Затоа денес ќе ослободиме речиси 6 милијарди евра од заемот ЕРА и механизмот за Украина.“
Фон дер Лајен потсети дека повеќе од 40 руски балистички и крстосувачки ракети, како и речиси 500 беспилотни летала, ја погодија украинската енергетска инфраструктура само за еден ден минатата недела. Две големи електрани беа уништени:
„Ја санираме штетата предизвикана од руските напади и ја стабилизираме украинската енергетска мрежа со над 2 гигавати електрична енергија извезена од ЕУ во Украина. Исто така, ја заштитуваме критичната инфраструктура, вклучително и преку нова опрема против дронови.“
Претседателката на Комисијата посочи дека се дискутираат три главни опции за одржливо финансирање на украинскиот отпор во текот на следните две години – користење на буџетската резерва на ЕУ за собирање средства од пазарите на капитал, меѓувладин договор во кој земјите-членки независно обезбедуваат капитал и заем за репарации обезбеден со блокирани руски средства.

