Спорт
Работнички во дербито го победи Шкупи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/viber_image_2023-08-07_18-12-14-800.jpg)
Работнички го победи Шкупи со 2:1 (1:0) во дерби натпреварот одигран во рамките на 1.коло, во Првата македонска фудбалска лига. „Романтичарите“ го победија Шкупи по две и пол години, период во кој доживеака седум порази.
Фудбалерите на Работнички го отворија резултатот од првата сериозна акција.Брза акција на Работнички, Влатко Стојановски нафрли од десната страна, а Мазари со удар со глава ја затресе мрежата на Шкупи.
Во 23.минута, Кристијан Трапановски имаше убава шанса за израмнување, но Игор Алексовски го одбрани ударот и исфрли во корнер.
Шкупи израмни во 62.минута. По корнерот од десната страна топката беше префрлена на вториот дирек, а таму Дарко Илиески погоди со удар со глава од непосредна близина.
20 минути подоцна „романтичарите“ ја вратија предноста. Работнички доби пенал во 81.минута, откако беше фаулиран Георг Стојановски. Успешен реализатор беше Мевљан Мурати.
Резултати, 1. коло:
Работнички-Шкупи
АП Брера-Вардар 1:0
Воска-Шкендија 0:1
Струга ТЛ – Гостивар 1:0
Тиквеш-Македонија ЃП 1:0
Брегалница-Силекс 2:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Лупу: Романија и Словачка ќе го наместат натпрeварот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/euro-2024-romania-vs-ukraine-1-6929810-1718639718473.jpg)
Четири репрезентации во Е групата, во последното коло влегуваат со по три бода. Во последното коло Романија ќе игра против Словачка, а Белгија против Украина.
Јасно е дека четири бода ќе бидат доволни за пласман во осминафиналето, а вече се знае дека резултатот 0:0 ќе ги однесе Романија и на Словачка во нокаут фазата.
За ова зборуваше и поранешниот романски фудбалер Данут Лупу, кој тврди дека резултатот е договорен со репрезентацијата на Словачка.
„Ќе се квалификуваме понатаму, со реми против Словачка. Се е договорено, би било штета ако двете репрезентации не одат во следната фаза. Зошто да ризикуваме? На тоа ниво играчите се согласуваат многу добро. Зошто да ризикуваат и едните и другите“, изјави Лупа за романските медиуми.
Спорт
По Начо, и Хоселу се сели во Саудиска Арабија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/4aaa30d0-0d7f-11ef-bfe5-e023dac8347c.jpg)
Еден од хероите на Реал во походот на 15. титулата во Лигата на шампионите, Хоселу, во летниот преоден рок ќе го напушти клубот.
Искусниот напаѓач, процени дека со доаѓањето на Килијан Мбапе, конкуренцијата во нападот ќе биде толку силна поради што неговата минутажа ќе биде дополнително намалена.
Хоселу, ќе тргне по стапките на соиграчот Начо и ќе се пресели во Саудиска Арабија, пишуваат шпанските медиуми.
Неговиот следен клуб се уште не е познат, но јасно е дека следната сезона нема да го носи дресот на Реал Мадрид.
Хоселу во кариерата бил играч на Селта, Хофенхајм, Ајнтрахт, Хановер, Стоук, Њукасл, Алавес и Еспањол. Тој е дел од шпанската репрезентација на ЕП во Германија. За националниот тим има одиграно 11 натпревари, постигнал пет гола. Поранешниот романски фудбалер Данут Лупу тврди дека е договорен конечниот резултат на натпреварот против Словачка во третото коло на Европското првенство.
Спорт
И Аврамовиќ замина од Партизан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/58539_avramovic1_f.jpg)
По Кевин Пантер, Зек Лидеј, Френк Камински, Пи-Џеј Дожер и Алекса Аврамовиќ го напушти кошаркарскиот клуб Партизан.
Како што пренесува „Меридијан спорт“, дефинитивно завршува соработката помеѓу Партизан и Алекса Аврамовиќ, српскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.
Дел од српските медиуми тврдат дека Аврамовиќ ќе се пресели во редовите на новиот евролигаш, Париз, каде тренер наскоро во нов тренер треба да биде промовиран поранешниот капитен на Партизан, Петар Божиќ.
Аврамовиќ дојде во Партизан од шпански Естудијантес во 2021 година, ја освои АБА лигата во 2023 година.