Спорт
(Видео) БББ носеле секири, палки и молотови коктели – Се чека одлуката на УЕФА

Натпреварот меѓу АЕК и Динамо во Атина може да биде откажан поради хаосот што го направија навивачите во понеделникот вечерта.
„Бед Блу Бојс“ со секири, палки, камења и молотови коктели направиле хаос во населбата Нова Филаделфија, а животот го загуби еден навивач на АЕК.
УЕФА го забрани доаѓањето на гостински навивачи поради страв од нереди, но околу 200 навивачи од Загреб, со автомобили успеале да влезат во Грција.
Поради инцидентите не е исклучено одложување на натпреварот закажан за 20:45 часот на „ОПАП Арена“.
Инаку, уапсени се речиси 100 лица, а осуммина се повредени.
07.08.2023, Before tomorrow match AEK Athens🇬🇷 – Dinamo Zagreb🇭🇷
Allegedly, the group of 150 bbb found themselves in the stadium area(aek part) and then started hitting everyone and everything in their path. These are serious incidents, and there are reportedly injuries. The… pic.twitter.com/kbsFGgVW81
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе се смири со Дешам

Капитенот на француската репрезентација Килијан Мбапе се врати во националниот тим по шестмесечно отсуство. Мбапе откри и кого сак да го види на местото на Дешам, кога тој ќе ја напушти функцијата по Мундијалот во 2026 година.
Актуелниот селектор е на чело на националниот тим од 2012 година, а речиси сите Французи би се согласиле дека тој го вратил идентитетот на националниот тим и го сместил на местото кое многумина веруваат дека го заслужува, на самиот врв на светскиот фудбал.
Ѕвездата на Реал Мадрид не играше во синиот дрес од септември минатата година, но откако ги надмина несогласувањата со селекторот се врати во репрезентацијата, со цел да и помогне да го освои трофејот во Лигата на нации.
Во интервју за телевизијата „ТФ1“, поранешниот играч на ПСЖ откри дека би бил воодушевен доколку еден човек го наследи Дешам.
„Би било големо задоволство да дојде Зинедин Зидан. Би бил исклучително среќен, но тоа не е моја одлука. Не морам да ја докажувам мојата љубов кон него, но го почитувам тренерот кој се уште е тука“, рече Мбапе, нагласувајќи дека отсекогаш го гледал Зидан како идол.
Спорт
Челси сериозно заинтересиран за голманот на Рома

Челзи е заинтересиран за трансфер на голманот на Рома, Миле Свилар. Во тековната сезона, Роберт Санчез и Филип Јоргенсен ротираат меѓу стативите на „сините“, додека минатата сезона во клубот беше и Ѓорѓе Петровиќ. Шпанскиот стручњак не е воодушевен од споменатите двајца, додека Србинот го испрати на позајмица во Стразбур.
Миле Свилар има 25 години, а на 28 натпревари во Серија А оваа сезона, 11 пати ја сочува мрежата и се наметна како еден од најдобрите голмани во лигата.
Рома му понуди нов договор и тоа се сметаше за завршена работа, но поранешниот играч на Андерлехт и Бенфика побара плата од 4.000.000 евра по сезона.
Челниците“ на Рома сметаат дека ова е нереално барање, па затоа Челзи би можел да ги искористи замрзнатите преговори. Покрај лондонскиот клуб, за услугите на Свилар се заинтересирани и Баерн и Монако, кои внимателно го следат развојот на настаните.
Спорт
Матео Ратеги нема да игра во двомечот против Германија

Фудбалерот на Аталанта, Матео Ратеги, нема да може да и помогне на италијанската репрезентација на претстојниот двомеч за опстанок во елитната дивизија од Лигата на нации против репрезентацијата на Германија.
Фудбалската федерација на земјата објави дека 25-годишниот напаѓач има проблем со повреда на ногата и поради тоа морал да го напушти тренинг-кампот на „азурите“.
„Матео повеќе не е во составот на италијанската репрезентација. Во средата лекарските прегледи покажаа дека има проблем со мускулот. Поради тоа нема да биде во тимот за мечевите против Германија“, соопшти националната федерација.
Отсуството на Ретеги претставува сериозен удар за селекторот Лучано Спалети. Ретеги е во актуелната сезона постигна 22 гола на 27 натпревари и е најдобар стрелец во Серија А.
Репрезентацијата на Италија во среда на 20 март на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано ќе го одигра првиот натпревар против Германија, а реваншот ќе биде в недела на во Дортмунд.