Македонија
Стоилковски: Кривичната за Папазов е чист политички прогон за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

„Нема кривична за директорката на Мерко со средно образование во Струга, нема кривична за директор на Испитен центар што немаше испити речиси две години и поништи испити на над 110 кандидати, нема кривична за прескокнат септември во школо заради матни зделки, нема кривична за воопшто немање учебници за ученици и принтање скрипти од ДУИ, нема кривични за погрешни учебници што минале цел филтер во образование, нема кривична за неизработена платформа за онлајн настава. Се е ова скандали и злоупотреби во образованието од ДУИ и СДС, но кривична нема. Ама затоа има кривична за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во тој период кога сопреа со работа за лиценци за директори, именувал ВД директор во училиште без директорски испит, затоа што две години нема или се поништува директорски испит“ – ваков е ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по кривичната пријава против градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски истакна дека кривичната пријава се случува во време кога ДУИ и СДС е во паника, кога Јовески безгласниот обвинител не смее да писне за Мерко и дури организираше систем во насока на негова одбрана, Абази, ЈО за организиран криминал, кому Али му седи над глава, не смее да писне за Соравија, не смее да писне за Груби, не смее да писне за Мерко, дури и со ДКСК се скара и престана да комуницира.
„Ама затоа има кривична, и тоа од Главниот на пасошкото мафијашко одделение, Оливер Спасовски за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Оливер Спасовски кој што посакува кандидатура за претседател на државата. Почитувани, ова е срамно, ова е одраз на очајната состојба во која се наоѓаат ДУИ и СДС. Ова е чист политички прогон за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Ги боли градоначалникот на Кочани, Папазов затоа што работи, ги боли ВМРО-ДПМНЕ затоа што направи очигледна разлика, ги боли тоа што над 85% од народот ги смета за најголема грешка и не поддржуваат уставни измени“, рече Стоилковски.
Како што додаде, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците нема да застанат со работа во корист на народот, работеле и ќе работат, вклучително и Папазов во Кочани.
Познати се мотивите и идејните творци на овој политички прогон и наскоро ќе има одговорност, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Влен: Бујар Османи и во МНР спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

Државниот завод за ревизија јавно потврди тоа што граѓаните одамна го знаат, дека Министерството за надворешни работи, во време кога министер беше Бујар Османи, спроведувало незаконски тендери поврзани со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 година, велат од Влен преку соопштение.
„Според ревизорскиот извештај: Потрошени се над 120 милиони денари без јасна евиденција; Не постои документација што точно е испорачано, инсталирано или оставено како трајна опрема во СРЦ „Борис Трајковски“; Договорите и јавните набавки биле спроведувани без транспарентност и со сериозни законски пропусти.
Ова е уште една потврда дека Бујар Османи, каде и да оди, зад себе остава сомнителни и криминални тендери!
Ова не е изолиран случај, истиот Бујар Османи беше осомничен од СЈО за сомнителни набавки уште кога беше министер за здравство во владата на Никола Груевски.
Граѓаните на Чаир добро знаат две работи за Бујар Османи: Прво, никогаш ништо не направил за Чаир, ниту еден проект, ниту една инвестиција, ниту една иницијатива. Второ, секогаш кога бил на функција, се поврзувал со скандали, сомнителни тендери и злоупотреби на јавни пари!“, велат од „Влен“.
„Влен“ додава дека Чаир не заслужува човек чие име се повторува во секој извештај за криминал и злоупотреба.
Македонија
Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои на некои места ќе достигнат и до 39 степени Целзиусови.
Поради тоа, Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотен удар: престој во разладени простории, внесување на доволно течности, избегнување на алкохол и засладени пијалаци, носење лесна и светла облека, како и ограничување на физичката активност во најтоплите часови.
Особено внимание треба да се посвети на ризичните групи — деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени.
Во случај на појава на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс, веднаш треба да се побара медицинска помош.
Министерството ја следи состојбата и ќе постапува според потребите.
Според најавата на УХМР, времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северероисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Македонија
Четири различни цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање – бесплатен за онколошки пациенти, поевтин за пациенти со упат, поскап за вработените и најскап за граѓаните кои доаѓаат по други причини. Договорот за управување со паркингот ќе го потпише Министерството со ЈП Градски паркинг.
Се најавува и оптимизација на паркинг просторот, со дупло повеќе места и дополнителни влезови, вклучувајќи и еден кај Кардиологија. Ќе се воведе 24-часовен мониторинг со камери и нов систем за следење на плаќањето и активностите. Доколку оптимизацијата не биде доволна, ќе се размислува за изградба на катна гаража.