Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски и Османи кријат што се случува со 4.000.000 долари на сметка на мисијата на Фрчкоски во Њујорк

„Повеќе од една недела, Ковачевски и Османи кријат што се случува со 4.000.000 долари на сметка на мисијата на Фрчкоски во Њујорк? На сметката на мисијата се префрлени пари од поделбата од продажба на имот на СФРЈ, префрлени се лани, по продажбата во септември. Од тогаш, на два пати, во декември лани и јуни годинава, Фрчкоски како амбасадор добива официјални инструкции да ги врати парите во буџет на Македонија, но тоа тој не го прави!?“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Уште нема одговор, како е можно амбасадор да не постапува по инструкции и да остане неказнет за тоа? Како е можно да не враќа пари на граѓаните во буџет?
Дали е вистина дека конфликтот за парите трае уште од септември лани кога Димитар Ковачевски беше во Њујорк, а Фрчкоски со свој препознатлив стил на зборови му рекол дека нема да ги врати парите? И по сето тоа Фрчкоски е неказнет“, кажа Стоилковски.
Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вакво самоволие е недозволиво.
– Фрчкоски беше одбиен да биде амбасадор во држава сојузник на Македонија, па беше испратен во Мисијата во ООН, да амбасадорува, сепак, во САД. Кој и што e тоа што му дозволува вакво однесување на Фрчкоски, но и ваква понизност на Османи и Ковачевски кон самоволие на Фрчкоски? Каде е Стево Пендаровски во сиот проблем?
Македонија и денес страда од транзициските олигарси коишто уживаат на грбот на народот! Владата веднаш да соопштат за што се планирани овие пари? Дали повторно на повидок е матна скапа зделка на Фрчкоски? Ковачевски турка нови даноци, а Фрчкоски не му враќа пари, 4 милиони долари во буџетот, и ужива во неказнивост“, изјави Наум Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јанчев прогласи победа во Кавадарци

По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати, објави досегашниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев на социјалните мрежи.
„Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати!
Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија“, порача Јанчев.
Им се заблагодари на граѓаните за поддршката.
„Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот.
Голема благодарност и честитки до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа!
Продолжуваме уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност.
Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех“, вели Јанчев.
Македонија
Димитриевски објави убедливо водство во Куманово, советничката листа на ЗНАМ во овој град со извојувана победа

Избори според скандинавски модел, ваква е оценката на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за денешниот изборен ден.
Овој пат како што рече ниту во Куманово, ниту во Македонија не се забележува како кандидатите за градоначалници ги бркаат полициски тимови или дополнително се врши притисок на сите нив.
„Според 80% обработени податоци во нашиот аналитички центар, јас како кандидат водам убедливо во однос на сите останати шест кандидати, или за споредба, колку имаат вкупно гласови останатите шест кандидати толку јас како кандидат на ЗНАМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ имам добиено гласови. Дали ќе имаме втор круг или не, во овој момент не можам да ви кажам бидејќи сите податоци не се обработени. Но и да има втор круг, ЗНАМ ќе биде дефинитивно победник на претстојните избори на локално ниво, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните и дека препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“, рече Димитриевски.
Листата на кандидати за советници на ЗНАМ во општина Куманово, според него, извојува победа и доби најголем број на гласови.
„Веднаш зад нас е и листата на ВМРО-ДПМНЕ и повеќе од јасно е дека мнозинството во Советот ќе го сочинуваат овие две листи и веројатно останатите поранешни партнери во локалната власт“.
.
Македонија
СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци.
Изборниот ден го оцени како мирен, со одредени забелешки кои ќе бидат поднеени со ОБСЕ и ДИК. Тој им ја честиташе победата на сите градоначалници кои победија во првиот круг.
Објави дека СДСМ води во уште неколку општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Крушево, Лозово, Росоман.
Дополнително, се осврна и на општините во кои се на второто место – Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија, Зрновци, а очекуваат податоци од уште неколку места.
Тој апелира граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг.
Овој резултат не е тој што го посакувавме сите, рече Филипче, меѓутоа не е лош резултат со оглед на тоа што во некои од општините имаме зголемување на бројот на гласови.