Македонија
Стоилковски: СДСМ покажува базично непостоење на капацитет за компромис и консензус
„Со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консензус. Имено седнале Бујар Османи, Артан Груби и можеби Бојан Маричиќ напишале документ кој го насловиле манифест и откако самите го дефинирале го пуштаат во форма на соопштение преку сервисната служба на СДС до јавност со повик до ВМРО-ДПМНЕ да прифати веќе напишан документ. Освен тоа што со овој чекор тие признаваат дека не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, тие покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. ВМРО-ДПМНЕ откако официјално ќе го добие овој документ, ако воопшто има основа за разгледување, ќе го изанализира и ќе излезе со свој став“, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прашањето дали партијата ќе се приклучи кон Манифестот на парламентарните партии кој што го предложи власта.
Во однос на прашањето дека СДСМ нема да го испрати документот до ВМРО-ДПМНЕ, со образложение дека е јавно објавен, Стоилковски кажа дека владејачката партија покажува базично непостоење на капацитет за компромис и консензус.
– Многу работи се јавно објавени. Се работи за повик кои што они еве веќе втор ден го упатуваат. Напишале документ кој што го нарекуваат Манифест. Го потпишале како што велите вие од голем број на политички лидери, а сега вториот ден го нарекуваат добра основа за разговор. Ќе повторам уште еднаш, покажуваат базично непостоење на капацитет за компромис и консензус. Седнале го напишале документот, го потпишале, го даваат во јавноста и бараат негово прифаќање. Воопшто не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, а покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие и официјално документот, ако има основа за разгледување, ќе го анализира и ќе излезе со свој став, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.
Македонија
Силјановска-Давкова: Како одговорна граѓанка со својот глас ги удостоив и парламентарните и претседателските избори
Како одговорна граѓанка, со својот глас ги удостоив парламентарните и претседателските избори, информира Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседател на државата, по гласањето за парламентарни и претседателски избори.
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места беа отворени во седум часот, а беа затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните одлучуваа меѓу Гордана Силјановска-Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните избираат помеѓу 17-те изборни листи.