Спорт
Ненад Димитријевиќ се повреди, не патува со репрезентацијата на Македонија во Талин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/vojdan-i-neno.jpg)
Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе биде значително ослабена на предолимпискиот турнир во Талин, откако во последен момент од селекцијата на Александар Јончевски отпадна Ненад Димитријевиќ. Плејмејкерот на Уникс Казан ја повредил тетивата на последните два пријателски натпревари против Полска во Белград.
Отсуството на најдобриот кошаркар сигурно ќе биде голем удар за шансите на Македонија на овој турнир.
Кошаркарите утре патуваат за Талин, каде во наредните денови ќе одиграат три натпревари на предолимпискиот турнир. На 12 август, во првото коло Македонија ќе се сретне со Израел, еден ден подоцна ривал ќе биде домаќинот Естонија, а на 15 август за противник ќе ја има селекцијата на Чешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Атлетико Мадрид ја прекинува соработката со тројца фудбалери
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/atletiko-so-feenord.jpg)
Дојде денот кој е последен во договорите на голем број фудбалери ширум Европа. Атлетико Мадрид денеска соопшти дека ја прекина соработката со тројца фудбалери кои својата кариера ја продолжуваат на друго место.
Марио Ермосо е прв, Атлетико се обиде да го продолжи договорот, но тоа не се случи, тој беше миленик на навивачите, капитен без лента, како што многумина го претставија. Габриел Паулиста е втор, му истече договорот и кариерата ја продолжува во Бешикташ. Третиот е Мемфис Депај.
Овој фудбалер кој моментално е со Холандија на Европското првенство, спогодбено се согласил да ја раскине соработката, Атлетико нема да смета на него следната сезона и тоа беше причината што доведе до положување.
Првото засилување за Атлетико би требало да биде Робин Ле Норманд од Сосиедад.
Спорт
Во понеделник почнува тенискиот турнир во Вимблдон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Вимблдон.jpg)
Од специјалниот известувач од Вимблдон
Во понеделник во Лондон почнува 137-то издание на најстариот тениски турнир Вимблдон, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки.
После многу години доминација на големата тројка Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер, овој пат за главен фаворит се смета Италијанецот Јаник Синер. Повредата на коленото на Роланд Гарос и операцијата која потоа уследи, одат во прилог на сомнежот дека Ѓоковиќ е недоволно подготвен да ја освои својата осма вимблдонска титула. Сепак, во полза на Србинот оди релативно лесниот жреб, во кој во првата седмица од турнирот може да се сретне со двајца квалификанти или еден учесник со вајлд карта.
Бранителот на титулата и победникот на овогодинешниот Роланд Гарос, Шпанецот Карлос Алкарас, исто така, е фаворит на турнирот, меѓутоа за тоа да го оствари ќе мора да победи во евентуалното полуфинале со Јаник Синер, до кое ако дојде, тоа ќе се смета за финале пред финалето.
Наспроти очекувањата и испланираниот пат до завршницата за главните фаворити, како и секоја година, можни се изненадувања и некој од фаворитите да биде елиминиран од послабо рангираните тенисери, и тоа уште во првата седмица од турнирот. Такви попатни „нагазни мини“ особена се закана за главниот фаворит Синер, кој во однос на конкурентите Ѓоковиќ и Алкарас има најтежок распоред и го очекува во осминафиналето евентуален натпревар против четиринаесето рангираниот Американец Бен Шелтон, а во четвртфиналето, евентуално против петорангираниот, Русинот, Даниел Медведев. Доколку Италијанецот успее да ги помини сите искушенија и го осови турнирот на најдобар начин ќе потврди дека во моментов е најдобар тенисер на светот, и со реални шанси така да ја заврши и годината.
Во женска конкуренција, неизвесноста, најверојатно, ќе биде присутна до самото финале, бидејќи нема изразит фаворит. Првопласираната на ВТА листата Ига Швојтек од Полска, е номинален фаворит, но никако во кариерата не успева да пронајде игра за тревната подлога, а со тоа и вимблдоснкиот грен слем ѝ останува неостварена желба. Оттука, можно е Елена Рибакина од Казахстан да го повтори успех од 2022 или Ирина Сабаленко од Белорусија, која е гладна за триумф на Вимблдон. Во трката за победник можат да се вмешаат и Онс Жабур од Тунис, која, по двете последователно изгубени финалиња во Вимблдон, се надева на трета среќа, потоа Коко Гаф од САД или сосема некоја друга.
Оваа година наградниот фонд е зголемен на рекордни 50 милиони фунти (околу 59 милиони евра), што е за 11,9 отсто повеќе од 2023., кога тој изнесуваше 44,7 милиони фунти. Победниците во поединечна машка и женска конкуренција ќе добијат по 2.7 милиони фунти (3.2 милиони евра), додека поразените по 1.4 милиони фунти (1.65 милиони евра).
Од најпрестижниот тениски турнир ќе известуваат околу 400 новинари од над 50 земји, но, поради војната во Украина, не и од Русија и Белорусија, иако нивните тенисери во двете конкуренции се меѓу првите десет. Како и на претходните четири вимблдонски турнири, и оваа година Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од сите четиринаесет турнирски денови.
Ненад Живановски
Спорт
Борбата заврши кога Переира со нога го погоди противникот во глава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/boks.jpg)
УФЦ 303 беше спектакуларен настан кој се одржа ноќта зад нас во Лас Вегас и ноќта беше обележана со борба во полутешка категорија меѓу Алекс Переира и чехот Јири Прохаска.
Тепачката заврши со нокаут на почетокот на втората рунда, кога Переира го удри Прохашка право во главата со удар од кружен удар и го фрли на подот. На судијата не му преостана ништо друго освен да ја прекине тепачката и да го прогласи популарниот „Поатан“ за победник.
На овој начин го задржа шампионскиот појас и покажа дека е најдобар во светот во полутешка категорија, а ова му е втора победа во кариерата над Јири Прохашко.