Спорт
Најава од Србија: Миодраг Божовиќ ќе го наследи Милевски како селектор на Македонија?
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа два порази во јунскиот квалификациски циклус за ЕВРО 2024, од Украина дома (2:3) и од Англија на гости (7:0), а тоа ги разниша позициите на селекторот Благоја Милевски. Од Србија вечерва доаѓа неофицијална информација пласирана во дел од медиумите дека Миодраг Божовиќ, поранешниот тренер на Црвена Звезда и на неколку руски клубови треба да биде следниот македонски селектор.
Промената треба да се случи во наредните неколку дена, а Божовиќ да биде именуван за нов селектор и да ја предводи Македонија на 9. септември против Италија во Скопје, како и три дена подоцна против Малта на гости.
Ваква најава имаше и минатиот месец, а тогаш во “игра” беше исто така поранешен тренер на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милан спаси бод против Пиза во 93-та минута
Фудбалерите на Милан и Пиза одиграа нерешено 2:2 во првиот натпревар од осмото коло во Серија А.
Росонерите пропуштија одлична шанса да ја задржат лидерската позиција во дуелот со екипа која е во зоната за испаѓање. Вака Милан, со натпревар повече има два бода повеќе од Интер, Наполи и Рома
Дуелот започна според планот на Масимилијано Алегри. Рафаел Леао го доведе Милан во водство по седум минути.
Сепак, аутсајдерот не се предаде. Прво, во 60-та минута, колумбискиот ветеран Хуан Квардадо израмни од пенал, а во 86-та минута Нзола го шокира „Сан Сиро“.
Милан од пораз го спаси дефанзивецот Атекаме, златната резерва на Алегри, со нерезонски удар од 23 метри во 93-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Тежок пораз на Партизан во Белград, Виртус го декласира ПАО
Убедливите победи на Париз над Партизан во Белград, Виртус во дуелот со Панатинаикос и Олимпијакос во Минхен кај Баерн, односно триумфот на Фенербахче во градското дерби против Ефес го обележа вториот ден од шестото коло во Евролигата.
Париз во белградска Арена го растури Партизан со 101:83. Дуелот го обележа перфектниот шут на гостите во второто полувреме и тепачката на трибините на две навивачки фракции на Партизан поврзани со актуелните политички случувања во Србија.
Кај Париз се истакна Надир Хифи со 21 поен, шест скока и три асистенции, Себастијан Херера со 17 поени, Јакуб Оутара и Џастин Робинсон со по 14 и Џереми Морган 11 со поени.
Стерлинг Браун со 25 поени со по два скока и асистенции беше најефикасен кај Партизан. Двејн Вашингтон забележа 16 поени и четири асистенции.
Резултати:
Ефес-Фенербахче 69:79
Виртус-Панатинаикос 92: 75
Баерн-Олимпијакос 71:96
Спорт
Атлетико Мадрид продаден за две милијарди евра
Пиринејскиот Полуостров е на нозе, постигнат е еден од најважните договори во историјата на шпанскиот фудбал.
Локалниот дневен весник „Возпопули“, кој главно се занимава со политички, економски, финансиски прашања и теми од банкарскиот сектор, објави дека Мигел Анхел Хил Марин, генерален менаџер и клучен акционер на Атлетико Мадрид, постигнал договор за продажба на клубот за рекордна сума од над две милијарди евра.
Атлетико Мадрид ќе биде во мнозинска сопственост на американскиот инвестициски фонд „Аполо“, кој минатата година официјално управуваше со средства вредни над 700.000.000.000 долари.
Целиот договор треба да биде официјализиран во јануари следната година, но точниот датум или рамка за затворање на договорот ќе зависи и од другите партнери, пред сè од фондот „Арес Менаџмент“, кој е создаден од луѓе од „Аполо“, како и од фондот „Квантум Пацифик Груп“, кој е поддржан од израелскиот милијардер Идан Офер, инаку газда на кошаркарскиот клуб Хапоел од тел Авив.
Според информациите на споменатиот извор, крајниот рок за завршување на преговорите бил средината на октомври, но по договорот на сите страни, било одлучено да се помести, со оглед на тоа што е постигнат голем напредок. Претставници на американскиот фонд беа во Мадрид претходните денови за да ги договорат сите детали од договорот.
Извори упатени во преговорите тврдат дека Мигел Анхел Хил Марин и Енрике Серезо ќе задржат одреден удел во клубот, а се истакнува дека не е исклучено еден од другите сегашни акционери да го напушти клубот пред договорот да биде официјализиран.
Веќе некое време во фудбалскиот свет се шпекулира за можна продажба на еден од најголемите фудбалски клубови во Шпанија и Европа.
Американскиот „Аполо“ успеа да излезе како победник пред еден арапски инвестициски фонд, кој наводно има добри односи со семејството Хил Марин, бидејќи е главен спонзор на клубот преку учеството на авиокомпанијата „Ријад Ер“, која го дава своето име на стадионот, а логото на оваа компанија е и на дресовите на Атлетико.
Возпопули нагласува дека не е исклучено арапскиот инвестициски фонд да остане тесно поврзан со Атлетико преку проектот Сиудад дел Депорте дел Атлетико Мадрид, или Градот на спортот.
Станува збор за проект предводен од клубот во соработка со градските власти со цел создавање најсовремен спортски, рекреативен и комерцијален центар на над 265.000 квадратни метри земјиште.
Како што е наведено, трансакцијата ќе се изврши преку зголемување на капиталот на Атлетико, што би му дало на клубот клучна финансиска инјекција за понатамошно непречено работење.
Целта на договорот е да се овозможи понатамошен раст и развој на клубот, со дополнително зголемување на амбициите, што значи дека тимот на Диего Симеоне би можел да прерасне во еден од главните играчи на фудбалскиот пазар во наредните години. Односно, да се зголеми сегашната улога, која не е мала.
Мигел Анхел Хил Марин контролира 70,39 проценти од акциите, при што фондот „Арес“ држи околу 33,96 проценти од тој удел, додека израелскиот милијардер Идан Офер држи околу 27,81 процент од клубот. Остатокот го сочинуваат мали акционери.
Нова ера за Атлетико Мадрид доаѓа со почетокот на 2026 година.

