Спорт
Вест Хем се засили со Едсон Алварез
Англискиот премиерлигаш Вест Хем го доведе играчот од средниот ред на Ајакс, Едсон Алварез. 25-годишниот Мексиканец пристигнува кај „чеканите“ за сума од 38 милиони евра, која со можни бонуси може да достигне 41 милион.
Алварез потпиша петгодишен договор со Вест Хем, ќе го носи дресот со број „19“ и се очекува да го замени Деклан Рајс, кој беше продаден на Арсенал.
Алварез е во Ајакс од јули 2019 година. Во последната сезона тој постигна четири гола и забележа три асистенции на 44 натпревари за тимот.
We are delighted to announce the signing of Mexico international Edson Álvarez ✍️
— West Ham United (@WestHam) August 10, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе стане најплатениот играч во историјата на Арсенал
Арсенал продолжува да постигнува успеси на сите фронтови, а дополнителна причина за задоволството на навивачите на „топџиите“ доаѓа од раководството на клубот, се подготвува нов, рекорден договор за Букаи Сака, најголемата ѕвезда на тимот.
Според англиските медиуми, 24-годишниот репрезентативец на Англија е пред потпишување на повеќегодишно продолжување на договорот што би го направило најплатен играч во историјата на Арсенал.
Новиот договор предвидува тој да заработува околу 300.000 фунти неделно, а договорот треба да биде формализиран во наредните недели.
Иако сегашниот договор на Сака е до јуни 2027 година, клубот сака да го обезбеди неговиот престој за подолг период и јасно да стави до знаење дека тој е централната фигура на проектот што треба да го донесе првиот шампионски пехар од 2005 година.
Сака, чија пазарна вредност се проценува на околу 140 милиони евра, никогаш не бил предмет на шпекулации за трансфер кога станува збор за заминување од Лондон.
Напротив, Арсенал го гледа како столб на иднината и лидер на генерацијата што го враќа клубот на врвот на англискиот фудбал.
Преговорите со неговите менаџери се движат во позитивна насока, а сè укажува дека договорот е прашање на време.
Спорт
Голман на Интер усмртил човек
Шпанскиот голман на Интер, Хозеп Мартинез, беше вклучен во тешка сообраќајна несреќа во градот Фенегро, недалеку од Комо, во која животот го загуби 81-годишен маж во инвалидска количка, објавија италијанските медиуми.
Трагедијата се случила во утринските часови, околу 9:30 часот, во близина на тренинг центарот на Интер.
Според првите извештаи, постариот маж, од сè уште непознати причини, преминал на спротивната лента од патот, во моментот кога поминувал автомобилот управуван од Мартинез.
Итните служби брзо пристигнале на местото на несреќата, но и покрај напорите на лекарите, човекот не преживеал.
Италијанските портали наведуваат дека е можно на жртвата претходно да и се слошило, што довело до кобната несреќа.
Мартинез, кој летово пристигна во Интер од Џенова како резерва на швајцарскиот голман Јан Зомер, не го коментираше инцидентот, а истото важи и за клубот од Милано.
Спорт
Јокиќ првпат го коментира дебаклот на Србија на Европското првенство
Никола Јокиќ беше расположен по победата на Денвер над Минесота (127:114) и уште еден трипл-дабл настап (25 поени, 19 скокови, 10 асистенции).
Во Минеаполис, Србинот одговори и на неколку прашања на новинар на Српската радио-телевизија.
Јокиќ за прв пат го коментираше дебаклот на Србија на Европското првенство, каде што беше елиминирана во осминафиналето од Финска. Познато е дека Јокиќ воопшто не зборува за медиумите во Србија од непознати причини.
Дали ги сумираше впечатоците од Европското првенство? – праша новинарот на РТС
„Било поминало“, кратко рече Јокиќ.
Многумина го гледаат овој тим на Денвер како фаворит за освојување на НБА?
„И Србија беше фаворит на Европското првенство, светско, што и да беше…“
Во првите три натпревари, Нагетс остварија две победи и еден пораз?
„Атмосферата во тимот е подобра, се обидуваме да направиме некои нови работи. Се надевам дека ќе ја продолжиме нашата победничка серија. Дури и кога загубивме од Голден Стејт, мислам дека игравме добро“, рече Јокиќ.
Foto/ FIBA

