Спорт
(ВИДЕО) Струга ТЛ го победи Есперанж, хет-трик на Ибраими
Македонскиот првак Струга ТЛ обезбеди предност од два гола против Есперанж совладувајќи го ривалот од Луксембург со 3:1 во првиот меч од третото квалификациско коло од Конференциската лига. Блескаше Бесарт Ибраими кој постигна хет-трик.
Напаѓачот на Струга ТЛ го отвори резултатот во 23.минута користејќи ја грешката на противничкиот голман. Во 40.минута Ибраими реализираше пенал за водство од 2:0 на полувремето.

Есперанж намали преку Доминик Штолц на почетокот на вториот дел, но Бесарт Ибраими во 77.минута уште еднаш погоди од пенал за конечни 3:1.
Реваншот ќе се игра за седум дена во Луксембург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лучано Спалети е новиот тренер на Јувентус
Лучано Спалети ќе биде новиот тренер на Јувентус, потврдија денес бројни извори од Апенините.
Спалети ќе потпише договорот до крајот на тековната сезона, а тој автоматски ќе биде продолжен до летото 2027 година доколку Јувентус обезбеди место во Лигата на шампионите.
Исто така е познато дека Спалети ќе заработува 2.800.000 евра годишно, и веднаш ќе го преземе тимот.
Спалети е без работа откако ја напушти клупата на италијанската репрезентација во јуни оваа година.
Претходно беше лут ривал на Јувентус, бидејќи го водеше Наполи до титулата во сезоната 2022/23. Спалети беше ривал на „старата дама“ и како тренер на Интер, од летото 2017 до летото 2019 година, а својот најголем белег го остави во Рома, која ја водеше во два наврати, од 2005 до 2009 година, а потоа од јануари 2016 до јуни 2017 година.
Спалети е големо име во италијанскиот фудбал, иако има освоено само едно Скудето со Наполи, со Рома двапати го освои Купот на Италија, како и Суперкупот. Најголемиот успех го постигна на клупата на руски Зенит, со кого беше шампион во 2010 и 2012 година.
Спорт
Евра: Ова веќе не се фудбалери, туку инфлуенсери
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Патрис Евра, зборуваше за отказот што го доби Игор Тудор од челниците на „Старата дама“.
„Ви благодарам за сè, мистер. Но, оваа порака е и за играчите, бидејќи кога вашиот тренер ќе биде отпуштен, тоа значи дека не сте ја завршиле добро работата на теренот. Ми се случи само еднаш во кариерата и се чувствував како ѓубре“, рече Евра.
Французинот исто така рече дека денешните фудбалери, поради влијанието на социјалните мрежи, не можат да се споредат со оние од неговата генерација.
„Не можам да бидам груб кон нив, но тоа е нова генерација, ТикТок генерација. Тие повеќе не се фудбалери, туку брендови, рапери, инфлуенсери. Премногу работи во го одвлекуваат вниманието. Ние само јадевме, спиевме и игравме фудбал. Денес, тоа го нема.“
Евра додаде дека Јувентус го изгубил својот идентитет.
„Клубот целосно се промени, ги загубија своите вистински вредности. Кога дојдов, претседателот Ањели беше секогаш со нас, со Недвед, Марота и Паратичи. Сега тоа го нема“, рече Евра.
Спорт
Наполи ќе го откупи Хојлунд од Манчестер Јунајтед
Расмус Хојлунд пристигна во Наполи како позајмен играч од Манчестер Јунајтед ова лето.
Младиот напаѓач веднаш остави добар впечаток вој новиот клуб кој сака да го откупи неговиот договор. Хојлунд одигра шест натпревари во кои постигна четири гола.
Според британските медиуми, првиот човеке на Наполи, Аурелио Де Лаурентис донел одлука договорот на Хојлунд да биде откупен и веќе започнал да работи на неговата реализиција.
Управата на клубот сака да ја активира откупната клаузула, која изнесува 44 милиони евра, во јануарскиот преоден рок.
Англискиот и италијанскиот клуб се во интензивни преговори, а доколку Наполи избори пласман во Лигата на шампионите, опцијата за откуп станува автоматски задолжителна, што би го олеснило трансферот уште повеќе.
Хојлунд одигра 95 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед и постигна 26 гола.

