Топ
Фатени бегалци од „Идризово“ со вкупна казна затвор од над 26 години
Денеска околу 16.45 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 36-годишниот И.Ј., 36-годишниот Е.Д. и 37-годишниот М.Р., сите од село Студеничани, скопско, извести МВР.
Како што информираше Министерството тие побегнале денеска околу 09.00 часот од Казнено – поправната установа Затвор Идризово каде што биле на издржување казна затвор.
– Имено, по преземени мерки и активности, тројцата биле забележани во с.Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Тие на застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон с.Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа, соопшти МВР.
Како што се наведува во соопштението на МВР, И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци. Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната. Додека, М.Р бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната.
Тие ќе бидат спроведени во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар
Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар.
Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го поседувал без дозвола, пукал кон муштерија кој дошол во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.
Се’ почнало со расправија меѓу нив, по што муштеријата го турнал механичарот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, инцидентот допрва почнал. Мајсторот револтиран влегол во куќата. Го зел пиштолот и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Тој се товари за убиство во обид, како и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.