Македонија
(Видео) Имиња на 300 загинати партизани ќе го пречекаат Курти во Чаир, каде ќе се преименува улица

Улицата „Втора македонска ударна бритада“, согласно одлуката на Град Скопје од 2021 година од денеска ќе се преименува во „Адем Демачи“. Црвена Младина прашува која е поврзаноста на Адем Демачи со Македонија со овој народ и со оваа држава.
Токму затоа, велат младите од Левица, ги поставиле имињата на загинатите борци од Втората македонска ударна бригада, во нивен спомен и нивно сеќавање.
„Во предвечерието на официјалнатото преименувавње на улицата „Втора Македонска Ударна Бригада” во „Адем Демачи“ со присуство на Албин Курти и албанската политичка елита, бевме во Чаир и токму на истата улица им ги поставивме имињата на сите загинати борци од Втората Македонска Бригада“, изјавија од Црвена младина, младинско движење на Левица.
„Улицата која ги славеше оние кои го дадоа животот во борба со фашистичкиот бугарски окупатор од утре ќе го слави Адем Демачи, сепаратист од Југославија и борец за Голема Албанија и независност на Косово, неколку пати осудуван на затворска казна во Југославија.
Нека им бодат очи овие имиња на оние утре кои ќе бидат на свеченоста по повод преименувањето на оваа улица, а на оние кои донесеоа ваква одлука, да знаат дека македонскиот народ не им заборава и простува. Денес го бришат споменот од Улиците, Парковите, Спомениците, утре ќе посегнат и по учебниците и нашата историја“, додаваат од Црвена младина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.