Контакт

Македонија

Наместо багаж, спакувал филери за лице и усни: Косовец се обидел тајно да внесе 300 парчиња во Македонија, цариниците го открија

Објавено пред

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери „Револакс“, во вредност од 9.000 евра, извести Царинската управа.

dobivaj vesti na viber

– Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во патничкиот куфер и позади задните седишта беа откриени 300 парчиња филери за лице, во најголем дел за усни, чија вредност согласно фактурата која е пронајдена во возилото изнесува 9.000 евра, соопштува Царинската управа.

Стоката и возилото се привремено задржани, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење.

Македонија

Ахмети: Неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати, да стане дел од владата

Објавено пред

Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во име на Европскиот фронт, ги обвини албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада, дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор.

dobivaj vesti na viber

Според Ахмети, за Европскиот фронт, неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата.

„Охридскиот договор не се чита исто од сите политички или јавни кадри, ние не дозволуваме овој договор да биде прекршен“, кажа тој.

Додаде дека таквите чекори не враќаат како што рече, две децении наназад.

„Луѓето нѐ прашуваат зошто гласаме кога некој друг одлучува за нашата волја и нашите определби, граѓаните нѐ прашуваат која е смислата на демократијата кога не се почитува легитимитетот, кога одлучува најголемата македонска партија. Ова нѐ враќа две децении наназад кога не се почитуваше слободната волја на заедниците. Легитимноста е столбот на демократијата, затоа ја започнуваме битката за почитување на Охридскиот договор. Кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува, но кога не се почитува, се враќаме во други времиња кои колективно сме ги напуштиле“, потенцира лидерот на ДУИ.

Ахмети не сака да ги открие следните чекори на Европскиот фронт, но кусо изјави дека јавноста ќе биде на време информирана за тоа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

Објавено пред

Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и непристрасност на судот и не потклекнавме под еден од најспецифичничните предизвици што ги памети историјата на Уставниот суд, а тоа е 17 месеци функционирање на работ на кворумот со само пет судии, а потоа и без една третина од судиите. Ова го истакна претседателката на Уставниот суд во заминување, Добрила Кацарска.

dobivaj vesti na viber

До идниот претседател и граѓаните порача дека треба да бидат комотни бидејќи нема натрупани или заостанати предмети.

„Очекувам судот и натаму да биде ажурен, да се постапува по сите предмети, да продолжи таму каде што застанав јас“, одговори Кацарска на прашања за очекувањата од нејзиниот наследник.

Во отчетот за сработеното Кацарска рече дека судот по 32 години, донел современ акт, кој ја регулира нивната работа.

Во таа насока Уставниот суд ќе им овозможи на правните лица и на странските државјани да поднесат барање за заштита на нивните слободи и права – право што досега го имале само поединци. Понатаму, народниот правобранител ќе може да поднесува барања за заштита на слободите и правата во име на оние граѓани што не може тоа да го сторат. Овој нов акт, вели Кацарска, предвидува и т.н. контролни механизми за судиите и претседателите да не може да чуваат предмети во фиока со години, што, за жал, беше случај во минатото. Се предвидува рок од 6 медсеци за судиите да го завршат предметот. Уставниот суд, кога ќе ги добие готовите предмети, не смее да ги чува подолго од еден месец и во тој период мора да ги стави на дневен ред, појасни Кацарска.

Додаде и дека е намален бројот на стари предмети од кои некои се чувале и десетина години. Има раст на укинати или поништени акти, што во минатото ретко се случувало.

„Има 78 одлуки со кои се укинуваат закони и други акти и прописи што се донесени од разни собраниски состави, што говори за непристасноста“, рече Кацарска.

Нагласи и дека во моментот Уставниот суд работи со полн капацитет со 9 судии.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски во посета на Секторот за меѓународна полициска соработка: во иднина да се продолжи со инвестирање во градење квалитетен кадар

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Секторот за меѓународна полициска соработка при Бирото за јавна безбедност, каде што непосредно се запозна со работата на оваа организациска единица и одржа работен состанок со раководството.

dobivaj vesti na viber

„Во рамките на овој сектор функционираат Одделението за потраги, Одделението за НЦБ – Интерпол Скопје и Одделението за Европол. Во согласност со надлежноста што ја имаат во делот на меѓународната полициска соработка може да се каже дека овој сектор е лицето на Министерството за внатрешни работи и државата во странство и од тие причини потребно е во иднина да се продолжи со инвестирање во градење квалитетен кадар, кој ќе ги поседува сите неопходни квалификации потребни за квалитетно и професионално работење“, истакна министерот Тошковски.

Во делот на потражната дејност овој сектор има сериозна улога и во иднина треба да се направи реструктуирање во организациската структура во Бирото за јавна безбедност со цел да се изгради поефикасен и поквалитетен систем за потраги.

„Што се однесува до одделенијата за НЦБ – Интерпол Скопје и Европол, се забележуваат добри резултати, особено во делот на размена на информации со други држави и учество во меѓународни проекти. Во тој контекст е и одржувањето на 50. европска регионална конференција на Интерпол, која минатата година се одржа во Охрид. Исто така, во континуитет се надградува и унапредува пристапот до сервисите, базите и алатките на Интерпол и Европол, со што се придонесува кон зајакнување на капацитетите на МВР за борба против оние облици на криминал што имаат меѓународен карактер“, нагласи Тошковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Ахмети: Неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати, да стане дел од владата

Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во име на Европскиот фронт, ги обвини албанските политички субјекти кои...

Македонија13 минути

Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и...

Македонија42 минути

Дневницата на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150 до 200 евра, уверува Шокаровски

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија државата не ги плаќа 700 евра дневно,...

Топ2 часа

Со мотоцикли прегазени тројца пешаци во Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор

Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата. Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во...

Македонија2 часа

Шокаровски: Смртноста на кардиохирургија се намалува, разрешувањата се незаконски, а 170-те пациенти не се фантоми, туку по грешка не се заведени во „Мој термин“

Смртноста на Клиниката за кардиохирургија не е зголемена, туку има тренд на намалување, нема пациенти фантоми, кои не се заведени...

Топ5 часа

Битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, чинот го снимал и го пренесувал во живо

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на...

Македонија5 часа

Ќе ја замени градоначалничката фотелја и ќе биде гласот на народот: Блерим Беџети ќе дејствува како пратеник

Градоначалникот на општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени со...

Свет5 часа

Северна Кореја ѝ испрати балони полни со измет на Јужна Кореја, стаса и предупредување: „Останете во затворено“

Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре и измет во Јужна Кореја, јавуваат светските медиуми. Северна Кореја пуштила 90 балони...

Свет5 часа

Стејт департментот: САД жалат за трагичната загуба во Рафа, но Израел има право да го нападне Хамас

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави „длабоко жали за трагичната загуба”, што е резултат на израелскиот напад врз кампот...

Свет6 часа

Макрон: Франција е подготвена да ја признае Палестина во корисен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави за време на посетата на Германија дека признанието на палестинската држава не е „табу тема“,...

Свет6 часа

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба: НАТО подготвува нуклеарен напад, разработува сценарија

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба, ФСБ ги обвини земјите на НАТО дека се подготвувале да извршат нуклеарни напади...

Македонија17 часа

Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја

„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја...

Македонија21 час

(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна...

Македонија22 часа

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само...

Македонија22 часа

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија...

Македонија23 часа

Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата....

Македонија1 ден

Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

Африм Гаши има поддршка од ЗНАМ за претседател на Собранието. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна...

Македонија1 ден

Апасиев смета дека со Гаши парламентот ќе биде косоваризиран, Мицкоски коментира дека се однесува како џанак

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајна несреќа во Делчевско загина маж

Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна...

Македонија1 ден

Земјотрес во Скопје

Во Скопје утрово е регистриран земјотрес. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека потресот се случил во 10.48 минути, со Рихтерова локална магнитуда...