Македонија
ОМД: Косовскиот премиер А. Курти да се прогласи персона нон грата во Македонија!
Во одсуство на годишни одмори, без покана на ниту еден државен претставник, во заедништво, албанската опозиција и владина партија направија културен пуч во Македонија, прогласувајќи победа на албанскиот народ на сите територии на бивша СФРЈ, реагира Обединета македонска дијаспора.
– Победата беше прогласена од страна на Косовскиот премиер Албин Курти кој среде Скопје, го промени името на Улицата “2-ра Македонска Бригада” во “Адем Демаќи”. Со овој потег и прегазување на бригадата која ја ослободи и делуваше на скоро сите фронтови во централно и источниот регион на Македонија како и Сремски Фронт, Србија, Хрватска и Словенија, албанските балисти, креираа културна победа во центарот на Македонија, Скопје, се вели во соопштението.
Обединета Македонска Дијаспора го осудува овој чин како закана за културата, нацијата и државен удар каде странски премиер, прогласува победа во отсуство на македонски (домаќин) политички лидер.
Пораките, испратени од Косовскоот Премиер Албин Курти, на ден после одбележувањето на 110 годишнината од Букурешкиот договор, кој помина без никакво владино адресирање, до ниту една интернационална организација за денот на кој започна Македонскиот геноцид, Албанските претставници внатре во државата, прогласија Скопски договор, кој го прекршува уставот на Република Македонија и ги прекршува културните обележја, претставува закана за националниот поредок и покажува реалната слика на политичките опозициони и вчадеачки албански партии, велат од ОМД.
– Го повикуваме секој македонски граѓанин кој посакува ова парче земја, независно од било каква етничка, религиска или било каква друга припадност, кој посакува територијата на Македонија да остане независна, суверена и верува дека има напредок, да не потпаѓа под овие етнички поделби, да се спротистави на странско политичко адресирање, се вели во соопштението на ОМД.
Исто така, ОМД бара од Македонската Влада, да напише протестно писмо кон Косово, го прогласи Албин Курти за персона нон-грата, разговара отворено и озбилно со Албанскиот блок за овој тотално недржавнички чин, враќајки ги сите обележја, имиња на улици, корегирајќи ги сите Албански знамиња во согласност со уставот на Република Македонија, и постапување согласност законите.
Оваа држава мора да ги почитува своите закони, своите граѓани, својата култура, и идентитет. Македонија за ова прашање не е ниту лева ниту десна, Македонија мора да биде обединета, велат од ОМД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.

