Спорт
Харден останува во Филаделфија
Џејмс Харден и следната сезона ќе остане дел од Филаделфија Севентисиксерс.
Како што објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, Филаделфија ги завршила сите разговори во врска со трејдот на Џејмс Харден и франшизата со никого не постигнала договор.
Тоа значи дека искусниот кошаркар кој ја покрива плејмејкерската позиција ќе настапува за Сиксерси и во сезоната 2023/24.
Сегашниот план е Џејмс Харден да се приклучи на остатокот од тимот во тренинг кампот, откако пропаднаа разговорите со Лос Анџелес Клиперс, каде Харден сакаше да ја продолжи кариерата.
Тој ја прифати опцијата да остане во тимот и веднаш побара трејд, а тимот сакаше да му излезе во пресрет. Сепак, шампионските амбиции на Филаделфија се поклопуваат со желбите на Џејмс Харден и тој навистина не сакаше по секоја цена да си замине, поради што реши да остане.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
На „Сантијаго Бернабеу“ донеле одлука за иднината на Винисиус
Винисиус Жуниор предизвикува сè повеќе проблеми во Реал со своето однесување, а се чини дека во Мадрид донеле одлука околу неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.
Како што ексклузивно открива „Билд“, бразилскиот напаѓач ќе биде продаден следното лето. Сè кулминираше по „Ел Класико“ и однесувањето на Винисиус.
Претходно, двете страни ќе се обидат да го продолжат договорот, а потоа Реал ќе го стави на трансфер листата.
Не е тајна дека во Саудиска Арабија сонуваат да го доведат Винисиус, а следното лето таа желба би можела да се оствари, под услов тој да биде расположен да се пресели на Блискиот Исток.
Реал го донесе од Фламенго во 2018 година за 45.000.000 евра, а сумата што ќе ја бараат веројатно ќе биде меѓу 200 и 250.000.000 евра.
Foto/ EPA
Спорт
Роналдо му се восхитува на Доналд Трамп
Фудбалерот на Ал Наср и еден од најдобрите фудбалери и најпопуларните спортисти на 21 век, Кристијано Роналдо, му се восхитува на американскиот претседател Доналд Трамп.
Поранешниот легендарен играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус го пофали Трамп за работата за постигнување мир во Газа.
„Доналд Трамп е еден од луѓето кои можат да помогнат да се промени светот“, рече Роналдо во интервју со Пирс Морган.
To President @realdonaldtrump.
Playing for peace. As a team. pic.twitter.com/iLGAmbmu0J
— António Costa (@eucopresident) June 16, 2025
Исто така, Роналдо му испратил потпишан дрес на Доналд Трамп преку неговиот сонародник Антонио Коста, претседателот на Советот на Европа.
Можеби овие чувства на португалскиот фудбалер кон републиканскиот претседател не се чудо, со оглед на тоа што според признанието на неговата мајка, тој го добил името по друг републикански претседател, Роналд Реган.
Спорт
Дезире Дуе е „златното момче“ за 2025 година
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во 2025 година.
Дуе ја наследи традиционалната награда што ја доделува италијанскиот спортски весник од Торино „Тутоспорт“ од Ламин Јамал од Барселона, кој ја освои минатата година.
Наградата „Златно момче“ се доделува на најдобриот млад играч под 21 година.
Во текот на 2025 година, Дуе ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Купот и Суперкупот на Франција, Суперкупот на Европа со Пари Сен Жермен, а играше и во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА, каде што Парижаните неочекувано беа поразени од Челзи.
Во вкупно 61 натпревар, тој постигна 16 гола и забележа исто толку асистенции. Тој ја доби и наградата за MВП за најдобар играч на финалето на Лигата на шампионите.
Дуе е четвртиот Французин кој ја освоил оваа награда, прв по Килијан Мбапе во 2017 година. Претходно лауреати беа Пол Погба во 2013 година и Антони Марсијал во 2015 година.

