Спорт
Лазар Самарџиќ останал во Милано не се откажува од трансферот во Интер
„Виси“ веќе договорениот трансфер на Лазар Самарџиќ во Интер. И покрај тоа што во четвртокот Самарџиќ успешно ги мина медицинските тестови, Интер се повлече од преговорите, поради алчноста на таткото на фудбалерот, Вујадин.
Лазар Самарџиќ нема да дозволи да му пропадне веќе договорениот трансфер во Интер. Челниците на вице-првакот на Европа, ги стопираа преговорите, кога таткото на фудбалерот и луѓето околу него сакале да сменат одредени делови во договорот. Во превод барале поголема провизија.
За потсетување, сите детали околу трансферот ги договори Рафаела Пимента, која ја води менаџерската агенција на покојниот Мино Рајола.
Новинарот Џанлука Ди Марцио пишува дека Самарџиќ решил да остане во Милано и со тоа јасно ставил до знаење дека сака трансферот да биде комплетиран и дека сака да биде играч во тимот предводен од Симоне Инзаги.
Во следните два-три дена треба да биде официјализиран договорот.
Самарџиќ е роден во Берлин, а за Удинезе игра од 2021 година кога дојде од Херта. За српската репрезентација одигра два натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хуманоста секогаш на прво место – Петар Ристески типуваше, а Mozzart донираше во Клиничката болница „Др Трифун Пановски” од Битола
Традицијата на хуманоста во која јавните личности типуваат, а Mozzart донира продолжува и оваа година.
Оваа тимска игра на хуманост од ден на ден го зголемува фондот на солидарност, а средствата од првиот добитен хуманитарен тикет за оваа година, по желба на фудбалерот Петар Ристески, ќе бидат донирани во Клиничката болница „Др Трифун Пановски” од Битола.
Директорката Ненси Лозанче, не го криеше задоволството за оваа донација, со која ќе се набават потребни апарати во детското одделение.
„Голема благодарност до Mozzart и до Петар Ристески за оваа донација. Ова е од големо значење за нас, бидејќи ќе имаме можност да набавиме дел од потребната опрема која ќе биде поставена во детското одделение”, изјави Др. Ненси Лозанче, Директор на Клиничката болница „Др Трифун Пановски” од Битола.
Типувачот кој го состави првиот добитен тикет за оваа година, Петар Ристески, ја поздравува оваа хуманитарна акција на Mozzart, која црта среќа и насмевки на многу лица.
„Среќен сум што имав можност да бидам дел од оваа хуманитарна акција, а особено задоволство ми преставува што токму јас го имам првиот добитен тикет за оваа година. Без размислување одлучив дека средствата треба да бидат донирани во детското одделение во Клиничката болница во Битола и се надевам дека донацијата ќе им биде од големо значење”, изјави Петар Ристески, фудбалер на ФК Јени Маале од Битола.
Кога станува збор за хуманоста,помошта,поддршката и добрите дела, Mozzart дефинитивно е, и останува лидер во регионот.
„Ова е традиционална акција која ја организираме веќе неколку години. Од добитните тикети, до сега помош пристигна во многу институции и организации. Она што преставува вистинско задоволство е што годината ја отворивме со добивка, а ако по утрото се познава денот, ќе имаме убави и успешни нови 365 дена исполнети со голем број реализирани проекти преку кои помагаме секаде каде е тоа потребно”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
(ПР)
Спорт
Фенербахче се договори со центарот на Сарагоса
Сагата околу центарот на Сарагоса, Гилсон Банго, трае веќе неколку дена. Се поврзуваше со Панатинаикос, но на крајот ќе заврши во Фенербахче.
Како што пренесува „Баскет њуз“, Фенербахче е во завршна фаза од преговорите со Сарагоса околу купувањето на анголскиот центар.
Тимот од Истанбул на Сарагоса ќе и плати отштета од 600.000 евра, а потоа со Банго ќе потпише две и пол годишен договор.
208 сантиметри високиот центар до крајот на сезоната ќе заработи 250.000 евра, а до крајот на договорот му следуваат вкупно 1,6 милиони евра.
Банго сезонава во АЦБ лигата има просек од 13,9 поени и 5,6 скока за 21 минута по натпревар.
Спорт
Хаким Зијеш замина во ОАЕ
Поранешниот играч на Галатасарај, Хаким Зијeш кариерата ќе ја продолжи во Ал Духаил, во Обединетите Арапски Емирати. Во клупското соопштение се наведува дека мароканскиот интернационалец одбил бројни понуди од други клубови, бидејќи сакал да ја продолжи кариерата во Ал Духаил.
Зијеш (31) играше за Челзи, Ајакс, Твенте и Херенвен пред да премине во Галатасарај.
За турскиот клуб оваа сезона одигра само 11 натпревари.
За мароканската репрезентација одигра 64 натпревари и постигна 25 голови.
Ал Духаил е на првото место во поредокот на првенството во Катар со 29 бодови.