Македонија
(Видео) Стоилковски: Ливадата со нарасната трева наместо фабрика е единствениот проект од „Зелената агенда“ на ДУИ и нивната експозитура СДС!
Ливадата со нарасната трева наместо фабрика е единствениот проект од „Зелената агенда“ на ДУИ и нивната експозитура СДС. Фабрика за производство на електрични автомобили во Тетово нема Да не беа трагични, смешни ќе беа зборовите на Деспотовски и Ковачевски пред една година, но и во текот на цела година поврзани со фабриката која не постои, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– По цела година лаги дека се тече според план и дека фабрика ќе има, а според најавите за четири месеци од денеска треба и електрични автомобили да се возат произведени во Тетово, по најавите дека цели 43 милиони евра помош од буџетот следат за фабриката, по лагите за 900, а можеби и 3-4.000 нови вработени, одговорноста е директно кај Јован Деспотовски, рече Стоилковски.
Тој посочи дека по цела година празна нива, продолжуваат лагите за фабрика за автомобили во Тетово, а ламентирањата на Деспотовски дека имало план и имало конзорциум, не го менуваат фактот дека фабрика нема.
– За да биде појасно, во Македонија може да има и конзорциум со план за вселенски истражувања, но тоа не го менува фактот дека ниту сме сила, ниту дека имаме ракета, но можеби Деспотовски ќе смета дека сме го освоиле Марс! Во бизнисот, времето е пари, загубена една цела година, за фабрика, за електрични автомобили е сериозен показател дека станува збор за голема лага. Лага испорачана од владата, од ДУИ, од СДС, и од Јован Деспотовски којшто глумеше домаќин на прославата за наводен камен темелник за фабрика, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски додаде дека поради ова најмалку што е потребно и очекувано, е оставка од морални причини од Јован Деспотовски од позиција директор на ТИРЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Државна безбедност и стабилност е првиот стожер од стратегијата Македонија 2030
„Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија. Стратегијата која е на долг рок, поставува јасен правец и систем на управување што ја заменува импровизацијата со институционална зрелост. Нашата цел е држава што создава стабилност, економска моќ и самодоверба, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој денеска го презентира, како што кажа, првиот стожер од стратегијата Македонија 2030, а тоа е, државна безбедност и стабилност.
„Во време на сериозни геополитички промени, сајбер-напади и хибридни закани, безбедноста станува основа за секоја друга државна политика. Само држава што е модерна, отпорна и институционално заштитена може да обезбеди развој и стабилност“, рече Манасиевски.
Појасни дека стратегијата за државна безбедност и стабилност се темели на четири приоритети.
„Првиот приоритет е модерна Армија со реални НАТО стандарди. Технолошко унапредување, современи системи на командување и развој на сајбер-одбранбени единици. Армија што навистина го штити државниот интерес. Вториот приоритет е национален модел за сајбер-безбедност. Сајбер-просторот е новото боиште. Потребен е национален центар за дигитална отпорност, јасни протоколи и стандарди што ќе ги штитат институциите, банките и критичната инфраструктура. Третиот приоритет, одбрана од хибридни закани и дезинформации. Создаваме државен механизам за анализа, брза реакција и заштита на демократските процеси, без нарушување на слободата на говор, но со заштита на вистината. И четврти приоритет, модерен систем за управување со кризи. Централен команден столб, автоматизирани процедури и регионална координација за брза, професионална и предвидлива реакција“, рече Манасиевски.
Македонија
Филипче: Наследството на Св. Климент Охридски нè потсетува дека истрајноста е решение за секој предизвик и патоказ кон напредок
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, упати честитика до граѓаните по повод денешниот голем државен празник Свети Климент Охридски, кој истовремено е и патронен празник на бројни државни институции и установи во државава, меѓу кои и НУБ „Св.Климент Охридски“ – Скопје и Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.
“Денеска, оддаваме почит и го славиме делото на патронот на македонската култура и духовност, Свети Климент Охридски.Како ученик на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа, Свети Климент Охридски има непроценлив придонес во поставувањето на темелите на македонската писменост и создавањето на првото словенско писмо, и тоа е врежано во нашиот македонски идентитет.
Влогот и упорноста на Свети Климиент Охридски да ја шири писменоста и во време на прогонства, се потсетник дека силата на еден народ лежи во неговата писменост, култура и образование.
Наследството на Свети Климент Охридски нè потсетува дека истрајноста е решение за секој предизвик и патоказ кон напредок.
Ние ја продолживме светиклиментовата мисија, и денес македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во светот, рамноправен со јазиците на земјите членки на ЕУ, во НАТО и во ОН.
Нека ни е честит и вековит Денот на Свети Климент Охридски” , стои во честитката на Филипче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче,по повод денешиот празник упати честитка и до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, чиј патрон е Свети Климент Охридски, како прв словенски епископ на просторите на Југоисточна Европа.
Македонија
(Видео) Кузеска: Го следиме трагот на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ
Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е шаблон кој денеска го разоткриваме целосно, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Зошто Томовски овие денови толку многу се труди да покаже дека нема никаква поврзаност со семејната фирма? Иако Витомир е негов татко, Кутановски негов роднина, внукот, зетот се негови, дури и неговиот број е пријавен како контакт во семејната фирма“, рече таа.
Кузеска кажа дека антикорупцискиот тим на СДСМ го следел трагот на парите.
„Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од оние кои најмногу сакаат да се истакнат со големи суми. Само во 2021 година донирал 8.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ. 499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари, 100.000 денари, редовно Томовски уплаќа на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. И не само Томовски. И неговиот зет, Кутановски е донарот на ВМРО-ДПМНЕ исто така. Семејна фирма, семејни донации. Се е јасно. Вака парите завршуваат во белата палата“, рече Кузеска.
Таа додаде дека ДКСК и Јавното обвинителство не треба да молчат туку треба да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски.

