Македонија
Вучиќ: Курти крева духови на немир во Северна Македонија и на југот на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ на телевизиско гостување денеска го коментираше настапот и изјавите на косовскиот премиер Албин Курти во Македонија, оценувајќи ги како „скандалозни“ и дека Курти „крева духови на немир во Северна Македонија и на југот на Србија“.
-Ова е обид на Курти да крене духови на немир, не само во Северна Македонија, туку и на југот на Србија и сето тоа со премолчана подршка на меѓународната заедница, кажа Вучиќ.
Тој посетата на Албин Курти на Северна Македонија ја оцени како „скандал над скандалите“.
-Таму беше промовирана идејата за „Голема Албанија“, истакнати се нејзините симболи, а Курти меѓу другото беше претставен како премиер на сите Албанци и премиер на Тетово, истакна Вучиќ.
Тој се осврна на преименувањето на улицата Втора македонска бригада во Скопје во улица на Адем Демачи, потсетувајќи дека се работи за човек кој поминал 28 години во затвор, во времето на Тито, кое било либерално, како најлош и најголем големоалбански идеолог и сепаратист.
Тој истакна дека Демачи му бил ментор и идол на Курти и дека треба внимателно да се слуша што зборуваат луѓе како Дем Бериша, кој ги следи албанските медиуми, и посочи дека од Приштина со пари и други работи го ставиле под своја контрола и Шаип Камбери и дека го „зедоа“ и Рагми Мустафи, со цел да произведат кризи и тема да не биде само Косово туку и поширокиот регион и конечно да се тргне во Голема Албанија.
-Тоа се работи што се загрижувачки. Да не бевме воено толку посилни, толку пати посилни и помоќни во однос на технологијата, оружјето и се друго, знаете ли колку пати Курти ќе го нападнеше секој дел од Србија? Погледнете ја неговата идеологија, тој не би ја нападнал само централна Србија, туку и Северна Македонија, Црна Гора, а прашање е што би се случило и со Албанија, предупреди Вучиќ.
Тој истакна дека има обид Курти да поттикне немири со, како што додаде, непримерен молк и премолчена поддршка на дел од меѓународната заедница.
Вучиќ истакна дека треба да се внимава затоа што има обиди да се префрли вината на Србија, оти Косово е нивно дете – појасни тој мислејќи на меѓународната заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

