Македонија
(Видео) Од колоната автомобили не се гледа границата на Евзони
Во текот на целиот месец јули АМСМ јавуваше дека се чека еден час на ГП „Богородица“ за излез од Македонија, а од паталците дознававме дека отаде границата, на грчкиот ГП „Евзони“ се чека и по неколку часа. Сагата на летувалците кои одморот или по некој викенд го поминуваат во Грција, „да помирисаат море“, продолжува и во август.
И попусто се поплаките на социјалните мрежи. Попусто се и прашањата: Ама зошто олку се чека? Одговор нема. Исто како што од време на време ќе му снема и трпение на по некој возач кој ќе се обиде преку ред да стаса до пограничните кабини.
Дека викендов не е никаков исклучок покажува и нашето видео.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Бутел, Карпош и Сарај денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Александар Турунџов во општина Бутел.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Панче Пешев бр. 1, 3, 5 и 7 во општина Карпош, како и корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка во општина Сарај.
Македонија
Без вода делови од општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известувааат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 5/4“ на бул. Илинден б.б, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од ул. Љубљанска до ул. Никола Парапунов. ( општина Карпош )
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево време
Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.