Македонија
Мицкоски: Кога веќе ме прашуваат, Ковачевски гласал за промена на имиња на улици и има записник за тоа
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој беше прозван од владејачката партија да даде одговор за прашањата што произлегоа од неофицијалната посета на косовскиот премиер Албин Курти на општините Чаир и Тетово, каде беше официјално пречекан, но без македонска химна и државни обележја, се огласи преку објава на Фејсбук во која го вели следното:
„Бидејќи СДСМ и ДУИ ја сменија комуникациската стратегија па сега бараат само одговори од мене и покрај тоа што за уште кратко време се влада, еве да им одговорам на нив и нивните слуги во опозицијата околу промената на имињата на улиците:
Владата на ДУИ и СДСМ на две седници ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади… доставена од град Скопје под водство на СДСМ.
На 50 седница, одржана на 02.03.2021 година дава согласност. Точка 9 од записникот…
ИНТЕРЕСНО: Димитар Ковачевски е присутен на таа седница како заменик министер на МФ, Фатмир Бесими е отсутен (значи дека Ковачевски гласал).
На 51 седница, одржана на 09.03.2021 дава целосна согласност на Листата од град Скопје
Точка 105 од записникот.
Шупливи ви се тезите. Глумењето патриотизам вам и на вашите слуги во опозицијата исто така не ви прилега зошто нема предавство зад кое не стои вашиот потпис. Народот тоа го знае“, пишува во објавата на Мицкоски кој приложува и записници од седницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа
Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешно-политички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан Пеевски.
„Зборовите на лидерот на партија со тврдења од нашата соседна земја дека ќе чека „поразумен премиер“ се апсолутно недозволиви и неприфатливи. Нема оправдување Северна Македонија да се оттргне од нејзиниот евроатлантски пат“ вели Пеевски и му се обраќа на претседателот на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:
„Сакам да му се обратам на господинот Миткоски – Нема да има бугарски премиер што ќе оди спротивно на интересите на Бугарија. Од вас се очекува правилно да го исполните договорот потпишан со Бугарија. Ве потсетуваме дека Бугарија како држава направи многу со нејзината поддршка за Северна Македонија, чие место треба да биде членка на ЕУ“, вели Пеевски.
Македонија
Џафери за порасната трева околу Владата: Градоначалничката доби соодветен одговор со изборниот резултат, граѓаните гледаат и вреднуваат
Техничкиот премиер Талат Џафери по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од Владата што ја предводи, даде објаснување за порасната трева околу Владата за што имаше многу реакции од граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за тревата, Џафери објасни дека тоа е обврска на Град Скопје, па од таму и изборниот резултат на партијата што ја предводи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Разбирам дека има реакции по тоа прашање. Според процедурите и прописите, земјиштето е сопственост и во надлежност на Град Скопје. Според договореното и обврските, ‘Паркови и зеленило’ како јавно претпријатие што се грижи за изгледот на градот е надлежно и за оваа работа. Владата ниту има предвидено средства ниту, пак, може да предвиди средства за работи што се надлежност на друга институција. Во овој контекст, јас жалам што излезе вака, но, секако, и на изборите соодветен одговор доби и градоначалничката на градот Скопје во однос на изборниот резултат. Граѓаните гледаат, граѓаните оценуваат, вреднуваат и си го дадоа својот одговор“, рече Џафери.
Нова алтернатива, партијата која на изборите ја предводеше градоначалничката Данела Арсовска, освои 3.516 гласа, односно 0,35 отсто од гласовите на запишаните избирачи.
Македонија
(Видео) Џафери: Груби ниту е Влада ниту е партија
Ниту Европскиот фронт ниту ДУИ не повикува ниту, пак, мотивира на бојкот, беше оставено на слободната волја на граѓаните да ја изразат на гласачкото место, рече премиерот Талат Џафери на денешната прес-конференција.
Во однос на бојкотот на Артан Груби на вториот круг на претседателските избори, Џафери рече дека неговиот став е индивидуален и дека не став ниту на Владата ниту на партијата.
„Индивидуалните ставови не може да се претставуваат како генерални ставови на субјектот. Груби ниту е Влада ниту е партија. Јас имав изјава како премиер на избирачкото место и потврдив дека ги зедов двете ливчиња и гласав. Индивидуалниот став не е општ став по кој може да се извлече заклучок. Нека си е министер, индивидуа е во однос на Владата, не е став на Владата, ниту на партиските органи. Индивидуално може да каже што сака, тоа е слобода и на мисла и на изразување“, одговори Џафери и додаде дека не може да се повикува на одговорност.