Македонија
(Видео) Стоилковски: Ковачевски да каже дали се срами што гласал за име „Адем Демачи“ наместо „Втора македонска“
Пртпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски тврди дека премиерот Димитар Ковачевски во функција на заменик министер во 2021 година гласал за промена на името на улицата Втора македонска ударна бригада во Адем Демачи.
Тој пред новинарите извади делови од записници на владини седници од март 2021 година, кога во пресрет на локалните избори, владата на СДСМ дава мислење на Шилегов и Скопје за преименување на улици, мостови и објекти.
„Ова е листингот со промената на имиња од 2021 година, каде што како 142 предлог кој што поминува, а е промена на „Втора македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“. И оттука почитувани, Владата на СДС со Заев, со гласање на Ковачевски, а на предлог на Шилегов, во 2021 го менува името на „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“, рече Стоилковски.
Стоилковски побара од Ковачевски да каже дали денес се срами што гласал за „Адем Демачи“ наместо за „Втора македонска“, па сега се крие и манипулира и бара Чаир да си изградел улица ако сакале да го носи името на „Адем Демачи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1065 издадени платни налози, 716 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 50 прекршоци за неправилно паркирање, 82 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, 14 санкции за возач почетник, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле осум возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и двајца пешаци. Исто така санкционирани се 44 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно возило заради техничка неисправност. Санкциониран е и еден возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии)“, соопшти МВР.
Македонија
СДСМ: Мицкоски е во шок од изборниот резултат, а ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017
„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година“, велат од СДСМ.
„Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници помалку и дека пропаднаа сите планови за пасокизација на СДСМ на која толку многу работеа.
Граѓаните јасно го поразија и неговиот коалициски партнер ЗНАМ, кој требаше да биде тројанскиот коњ за делење на СДСМ. Овој план пропадна и ЗНАМ е на пат на исчезнување.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да пуштаат секојдневни соопштенија за лажно да ги мотивираат своите гласачи, но реалноста е сосема поинаква. СДСМ продолжува со својата кампања во 17 општини. Ги повикуваме граѓаните да излезат масовно на гласање, да ги поддржат нашите чесни и докажани кандидати кои искрено и посветено ќе работат за граѓаните“, соопшти СДСМ.
Македонија
Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин
Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.
Собраќајот е во прекин.

