Свет
(Видео) Во пожар на бензинска станица во Дагестан загинаа најмалку 27 лица

Најмалку 27 лица загинаа во експлозија и пожар на бензинска пумпа во Дагестан на југот на Русија, а 66 лица се повредени, јавуваат руските агенции.
Првиот заменик министер за здравство на Русија Виктор Фисенко, кој пристигна во Дагестан, изјави дека од 66-те повредени кои се хоспитализирани, 10 се во тешка состојба, пренесува РИА Новости.
Истражниот комитет на Руската Федерација за Дагестан соопшти дека во селото Новокули, предградие на Махачкала, за време на одржување на автомобил избувнал пожар во зграда на автосервис, по што дошло до експлозија, а потоа пожарот се проширил на бензинска пумпа, според Интерфакс.
NEW – Massive explosion and fire at a filling station in Dagestan, Russia, at least 12 killed, dozens injured
READ: https://t.co/hBFOV0MIwK pic.twitter.com/L4TkA6qgcc
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) August 14, 2023
Повредените во експлозијата со специјален авион на Министерството за вонредни ситуации ќе бидат пренесени во московските болници.
Истражниот комитет поведе кривична постапка според дел 3 од член 238 од Кривичниот законик (давање услуги кои не ги исполнуваат условите за безбедност на животот или здравје на потрошувачите, што предизвика смрт на две или повеќе лица).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.