Европа
Германската влада ja легализира употребата на канабис за рекреативни цели
Германската влада го одобри нацрт-законот за либерализација на употребата на канабис, со што се отвора можноста поседувањето ограничени количини марихуана повеќе да не биде кривично дело.
Одобрувањето на владата е првиот чекор, бидејќи парламентот мора да го одобри предлогот, пренесува „АП“.
Законот треба да стапи во сила на крајот на оваа година, легализирајќи го поседувањето до 25 грама канабис за рекреативни цели и дозволувајќи им на поединците сами да одгледуваат до три растенија.
Германската влада планира да забрани рекламирање или спонзорство на канабис и клубови, а нема да биде дозволено консумирање на 200 метри од училиштата, игралиштата и спортските објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Познат идентитетот на загинатите во терористичкиот напад во Анкара
Откриен е идентитетот на загинатите во вчерашниот терористички напад во Анкара, јавува Анадолија.
Во терористичкиот напад загинаа Џенгиз Чоскун, кој работел како офицер за контрола на квалитетот во TUSAS, машинскиот инженер Захиде Гуцлу, вработениот Хасан Хусеин Чанбаз, службеникот за безбедност Атакан Сахин Ердоган и таксистот Мурат Арслан.
22 повредени лица се згрижени во различни болници.
Една од загинатите, Захиде Гуцлу, отишла до влезот на кампусот за да собере цвеќе испратено од нејзиниот сопруг, кога се случил нападот.
Наведено е дека терористите го убиле таксистот Мурат Арслан откако влегле во неговото возило, а потоа неговото тело го сокриле во багажникот на возилото.
Од 22 повредени лица, само едно е се уште во критична состојба, рече министерот за внатрешни работи, додавајќи дека тројца веќе се отпуштени од болница.
Тој вели дека седуммината повредени се припадници на одредот за специјални операции на турската полиција.
Европа
Маж заѕидал тело на жена во стан, полицијата го пронашла трупот по сомнителен разговор: хорор во Германија
Романец (47) е осомничен дека ја убил својата партнерка и го заѕидал нејзиното тело во стан во Штутгарт.
Роднините ја пријавиле жената за исчезната на 16 октомври бидејќи со месеци не се слушнале со неа.
По пријавата, истражителите го испрашувале нејзиниот партнер, кој на распитот „се збунил“, поради што веднаш му извршиле претрес во станот.
„Кога истражителите го отворија ѕидот, го открија телото во шуплината и го уапсија осомничениот“, изјави портпаролот на полицијата во Штутгарт.
Осомничениот во вторникот е изведен пред судија и му е одреден притвор.
Европа
Експлозија во Тојота во Болоња: двајца работници загинаа, неколку се повредени
Вчера во попладневните часови, во фабриката „Toyota Material Handling“ во Болоња се случи силна експлозија која однесе два животи, а беа повредени уште неколку работници.
Експлозијата одекнала нешто по 17 часот, а работниците и жителите во околината почувствувале силен удар, како земјотрес, раскажуваат.
Жртвите се Лоренцо Кубело (37) и Фабио Тоси (34), двајцата од Болоња, вработени во фабриката. Двајца работници се во тешка состојба, додека другите се здобиле со полесни повреди и се пренесени во болницата Маџоре.ж
#Bologna, dalle 17:20 intervento dei #vigilidelfuoco in corso a Borgo Panigale per un’esplosione e successivo crollo in un capannone di un'azienda. Tragico il bilancio, con due persone ferite e due decedute, una dopo il trasporto in ospedale [#23ottobre 19:30]
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) October 23, 2024
Експлозијата се случила во магацинот на фабриката, каде во моментот на несреќата имало 300 работници. Според првичните информации, експлозијата најверојатно била предизвикана од дефект на компресорот.
Итната помош и пожарникарите веднаш пристигнаа на местото на настанот, а градоначалникот на Болоња, Матео Лепор, ја посети фабриката и им изрази сочувство и поддршка на семејствата на настраданите.
BOLOGNA: Esplosione in un capannone della Toyota Material Handling in via Persicetana Vecchia a Borgo Panigale: 2 morti e 11 feriti pic.twitter.com/JaSKtGrSzd
— BreakingItalyNews (@BreakingItalyNe) October 23, 2024
По експлозијата, пред фабриката се собрале загрижените членови на семејството и соработниците кои биле внатре во зградата во моментот на несреќата.
Градоначалникот ја нарече трагедијата уште една во низата страдања на работното место, апелирајќи на потреба од поголема безбедност и заштита на работниците.