Македонија
Општина Аеродром: Не е вистина дека ДУП-от во Лисиче предвидува нови згради на државно и земјоделско земјиште

Дежурните лиферувачи на лажни информации повторно ја манипулираат јавноста, Информациите дека ДУП-от во Лисиче предвидува изградба на згради на државно и земјоделско земјиште се целосно неточни, велат од општина Аеродром.
„Дежурните лиферувачи на лажните вести и политичката партија која граѓаните ја препознаваат само по скандалите, дезинформациите и сензионационализмот, денес повторно во јавноста пласира неточни информации. Политичкиот субјект, кои од формирањето, па се до денес, својот политички ПР го гради врз основа на шпекулации и лажни вести уште еднаш се обидува во јавноста да презентира целосно неточна слика за состојбите во населбата Лисиче и Аеродром.
Општина Аеродром во целост ги демантира невистините изнесени во денешното соопштение на „Левица“. Веста објавена од страна на „Левица“, а поврзана со деталниот урбанистички план во Лисиче е целосно неточна. Имено, конкретниот детален урбанистички план е направен, во согласност со барањата и потребите на граѓаните од Лисиче. Информациите дека деталниот урбанистички план во Лисиче, предвидува изградба на згради на парцели кои се во државна сопственост и земјоделско земјиште се целосна дезинформации кои не кореспондираат со реалната состојба на терен.
Со денешната објава „Левица“ само уште еднаш ја потврдуваа својата несериозност и леснотијата со која тие пишуваат и споделуваат непроверени со кои уште еднаш и по којзнае пат кои ги доведуваат во прашања својот кадровски потенцијал, но и кредибилноста, релевантноста и сериозноста кои треба да го има секој политички субјекти“, се вели во реакцијата на општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.