Македонија
Левица: „Муцунски манипулира со јавноста за да ги заштити „Голден арт“
„Откако Левица реагираше дека и со ревидираниот ДУП се предвидуваат згради на државно земјиште, градоначалникот Тимчо Муцунски излезе со демант дека на местото каде што треба да се гради висококатницата на „Голден арт“ нема државно земјиште и како ДУП-от бил во согласност со барањата и потребите на граѓаните од населба Лисиче“, велат од Левица.
„Со оглед на фактот дека познавањето на локалната самоуправа му е слаба страна на најлошиот градоначалник во историјата на Аеродром, ќе се обидеме со слика “да му нацртаме” на Муцунски каде се предвидени згради во неговиот ДУП“, соопштува Левица.
„После упорните манипулации и напори да се протне овој ДУП, јавно го прашуваме Муцунски – Со што е задолжен пред компанијата „Голден арт”? Дали истата се јавува како финансиер на неговата кампања, па Муцунски со ваквиот ДУП го плаќа долгот кон оваа градежна компанија“, прашуваат од Левица.
„Го замолуваме градоначалникот Тимчо Муцунски да престане да манипулира со жителите на населба Лисиче и да ги праша да се изјаснат преку референдум дали се за посочениот ДУП“, бараат од Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска Давкова ја прими Шекеринска: единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.
За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.
Претседателката изрази уверување дека Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани.
Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него.
Македонија
Мицкоски на средба со Вучиќ и Вучевиќ: Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека остварил средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевић и со српскиот претседател Александар Вуќиќ.
„Интензивната комуникација меѓу двете влади отвора можност за економска и политичка соработка.
Средбата се одржа во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со акцент на зајакнување на билатералната соработка и реализирање на заеднички регионални проекти.
Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици“, објави Мицкоски по средбата со српскиот премиер.
Појасни дека имал средба со претседателот на Република Србија, Александар Вичиќ.
„Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, напиша Мицкоски за средбата.
Македонија
(Видео) Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети
Во рамки на винската визија Владата организира македонска вечер на која ќе бидат презентирани најдобрите храна, вина и пијалоци. Ќе има можност да се претстават над 300 мали, средни и големи винарии, да се ужива во македонските специјалитети, а вечерта да виде збогатена со македонските виртуози Андријана Јаневска и Наум Петревски, најави владината портпаролка Марија Митева.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, според најавеното ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот.
Она што е најважно, како што истакнува Митева е што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра.
„Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија“, потенцира таа.