Свет
Ќе има воена интервенција во Нигер ако не успеат дипломатските напори, вели западноафриканскиот блок ЕКОВАС
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/F2S-i2dWoAEjxVm.jpeg)
Западноафриканскиот блок ЕКОВАС е подготвен да интервенира воено во Нигер доколку не успеат дипломатските напори таму, рече висок функционер на армијата, кои се состанаа во Гана за да разговараат за состојбата во Нигер.
Комесарот за политички прашања, мир и безбедност на ЕКОВАС, Абдел-Фатау Мусах, ја обвини хунтата што го собори претседателот Мохамед Базум на 26 јули дека игра мачка и глушец со блокот со тоа што одбива да се сретне со пратениците.
„Војската и цивилните сили на Западна Африка се подготвени да одговорат на повикот за должност“, им рече тој на собраните началници на одбранбениот штаб од земјите членки.
Мусах силно ја критикува најавата на хунтата дека има елементи да го извадат Базум, кој е притворен, на суд за предавство. Обединетите нации, Европската Унија и ЕКОВАС сите изразија загриженост за условите на неговиот притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Нов сведок во случајот со убиството на Данка: по 5 месеци во полиција изјавил дека џогирал покрај ѓубриштето во моментот кога осомничените го фрлале телото на девојчето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/danka-ubijci.jpg)
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар за 5 јули е закажано сослушување нови сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ од Бор, која како што се сомнева, ја убиле работниците на ЈКП „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Како што објави Нова.рс, сослушувањето на еден од нив е од големо значење за истрагата.
„Станува збор за двајца соседи од Бањско Поље, од кои не се очекува ништо пресудно. Но, маж од Бор, кој е трет сведок, контактирал со надлежните и рекол дека џогирал точно во моментот кога осомничените биле на буништето и наводно го фрлиле телото“, вели изворот и додава:
„Што точно видел, зошто дури сега се јави, ќе се знае во петок. Постои можност неговото сведочење да докаже дека навистина го фрлиле убиеното дете на ѓубриште…“
Инаку, осомничениот Дејан Драгијевиќ, кој на рочиштето во обвинителството по апсењето го призна делото и детално го опиша, побара обвинителството повторно да го сослуша.
Адвокатката Вања Живковиќ рече дека до денес не добила потврден или негативен одговор дали обвинителството ќе го прифати повторното испитување на нејзиниот клиент Дејан Драгијевиќ.
Инаку, Драгијевиќ во образложението зошто сака дополнително рочиште вели „за да се расветлат околностите и изнесените факти кои ги ставил на записник на рочиштето на 5 април 2024 година“.
За потсетување, осомничени за убиството на Данка Илиќ се Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од селото Злот кај Бор, кој го признал делото велејќи дека го удриле девојчето со возило на „Водовод“ Бор, по што со голи раце ја задавил. Тој откри и дека неговиот татко Радослав и сега починатиот брат Далибор му помогнале да го сокрие телото на девојчето, кој, неколку часа по апсењето почина во полициската управа Бор.
Свет
Напнато во кабинетот на Бајден, советниците се борат тој да остане претседателски кандидат: „Замената би била збунувачка и непрактична“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/bajden.jpg)
Советниците на американскиот претседател Џозеф Бајден во текот на викендот се обидоа да се спротивстават на сугестиите, актуелниот демократски претседателски кандидат да се повлече од трката, при што менаџерот на кампањата на Бајден предупреди дека менувањето кандидати во оваа фаза од кампањата е „збунувачки и непрактично“.
За време на тензичниот разговор со група од околу 40 најголеми финансиери на Бајден, менаџерот на кампањата на Бајден, Џулијан Чавез Родригез, објасни што може, а што не може да се направи со инфраструктурата на кампањата доколку Бајден одлучи да се повлече, нагласувајќи дека нема намера да го стори тоа. пренесува Ен-би-си Њуз.
„Поголемиот дел од собраните средства ќе одат за потпретседателката Камала Харис, а само мал дел од парите ќе останат кај Демократскиот национален комитет“, рече Чавез Родригез.
Додека некои донатори разгледуваа различни сценарија за замена на Бајден, демократскиот сенатор Крис Кунс од Делавер истакна дека таквиот процес би бил „хаос“. Тој процени дека на крајот ќе биде номинирана Камала Харис.
Европа
Шумски пожар во популарно турско одморалиште: „Продолжуваме со воздушна и копнена интервенција“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/pozarnikari-shuma1.jpg)
Шумски пожар избувна во неделата во областа Лара во турското летувалиште Анталија, каде што се наоѓа хотелски комплекс, соопшти градоначалникот на градот, Мухитин Бејек.
„Продолжуваме со воздушната и копнената интервенција за гаснење на пожарот што избувна во шумската област во регионот Лара“, изјави тој на социјалната мрежа Икс.
Бејек додаде дека властите се во состојба на готовност поради зголемениот ризик од шумски пожари, истакнувајќи дека моменталната температура во Анталија е 36 степени. Претходно денеска беше објавено дека големи шумски пожари ги зафатија турските провинции Чанаккале, Измир и Ајдин.
Во провинцијата Чанаккале, пожар зафати земјоделско земјиште во регионот Езине. Спасувачите морале да ги евакуираат жителите на неколку села. Шумски пожари ги зафатија областите во близина на градовите Бурса, Едрене, Баликесир, Караман и Караманмарас.