Свет
(Видео) Москва нападната со дрон, оштетена зграда, нарушен воздушниот сообраќај

Украинско беспилотно летало утринава се урна во зграда во центарот на Москва кога беше соборено од руската противвоздушна одбрана, што го наруши воздушниот сообраќај на сите цивилни аеродроми во руската престолнина, соопштија руските власти. Сведок на „Ројтерс“, кој бил во областа, опишал дека слушнал силна експлозија.
Moscow… BAVOVNA ✨✨✨
“One UAV fell on the roof of the Expocentre in the Moscow City area and broke through the roof. An explosion was heard in Moscow City. Preliminary in the area of the Federation Tower” pic.twitter.com/L6MNLvGOqK
— MAKS 23 👀🇺🇦 (@Maks_NAFO_FELLA) August 18, 2023
Руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјавија дека нема жртви откако противвоздушната одбрана уништила беспилотно летало, кое потоа удрило во зградата на „Експо-центарот“ во Москва рано наутро. „Експо-центар“ е група изложбени павилјони и повеќенаменски сали лоцирани на помалку од пет километри од Кремљ.
DRONES ON MOSCOW. Again.
Explosion again in the “Moscow City” complex. The embankment and the nearest bridge to “Moscow City” are closed off. pic.twitter.com/uSKGKNL70K
— Maria Drutska 🇺🇦 (@maria_drutska) August 18, 2023
„Околу 4 часот по московско време режимот на Киев изврши уште еден терористички напад користејќи беспилотно летало врз објекти лоцирани во Москва и Московската област“, соопшти руското Министерство за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белорусија испраќа рекордни количини бензин во Русија

Белорускиот железнички извоз на бензин во Русија се зголеми за четири пати во септември во однос на претходниот месец, бидејќи Москва се справува со недостиг на гориво предизвикан од украинските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, објавија извори од индустријата синоќа, објави „Ројтерс“.
Неколку руски региони беа принудени да воведат мерки за штедење и привремено да ги замрзнат цените на горивата во последните недели. Причината е недостигот на популарни видови бензин предизвикан од напади со беспилотни летала насочени кон рафинерии и други енергетски објекти.
Како одговор, Москва, исто така, го ограничи извозот на бензин и дизел. Ова не е првпат Русија да се потпира на соседна Белорусија, таа, исто така, го зголеми увозот на гориво минатата година за да го покрие недостигот на пазарот.
Според извори, пратките на бензин со железница од белоруските рафинерии до рускиот домашен пазар минатиот месец достигнаа 49.000 метрички тони, што е еквивалентно на 14.500 барели дневно. Заедно со бензинот, испораките на дизел во септември изнесуваа 33.000 тони.
Свет
Киев бесен на Меркел: „Зборовите на поранешната канцеларка се неприфатливи“

Киев остро реагираше на тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека Полска и балтичките земји ги саботирале обидите за решавање на украинскиот конфликт во 2021 година, што, како што изјави таа, индиректно придонело за почетокот на „Новата светска војна“, објавува Политико.
Меркел во интервју изјави дека Франција и Германија потоа предложиле воспоставување нов формат за преговори со Русија, кој би ги заменил договорите од Минск, но Варшава и балтичките престолнини одбиле да ја поддржат иницијативата.
Таа проценка предизвика негодување во Киев, каде што висок украински функционер, според Политико, рекол дека зборовите на поранешната канцеларка се „неприфатливи и, искрено, одвратни“.
Во истото интервју, поранешната германска канцеларка, исто така, оцени дека обвинувањето дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е „тројански коњ“ на рускиот претседател Владимир Путин во рамките на Европската Унија е „глупост“, посочувајќи на потребата да се запрат меѓусебните обвинувања во рамките на ЕУ и да се обнови дипломатскиот дијалог.
Фото: принтскрин
Свет
Светската здравствена организација тестира смртоносен сируп против кашлица

Светската здравствена организација (СЗО) побара информации од Индија за тоа дали сирупот против кашлица поврзан со смртни случаи кај деца во земјата е извезен во други земји, соопшти денес агенцијата.
СЗО изјави за Ројтерс дека ќе разгледа издавање глобално предупредување за медицински производ во врска со сирупот Колдриф откако ќе добие официјални информации од Њу Делхи, објави Ројтерс.
Според информациите од локалните власти, најмалку 17 деца под петгодишна возраст починале во текот на изминатиот месец откако консумирале сируп што содржел високи концентрации на токсичното соединение диетилен гликол, речиси 500 пати над законската граница.
Фото: принтскрин