Спорт
Спалети нов селектор на „аѕурите“, Наполи најавува тужба

Поранешниот тренер на Наполи, Лучано Спалети и официјално е промовиран во нов селектор на Италија од 1 септември до крајот на Светското првенство во 2026 година, наследувајќи го Роберто Манчини и дебитирајќи против Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2024.
Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) го потврди ангажирањето на Спалети вечерва, откако тренерот го напушти Наполи, од каде што си замина на 30 јуни откако ја донесе првата италијанска титула по пауза од 30 години. Наполи дозволи да си замине со потпишување на договор од седум страници со клаузула од 3 милиони евра кои ќе треба да ги исплати ако најде нова работа една година пред крајот на договорот.
ФИГЦ инсистираат дека ова се однесува само на клупскиот фудбал како директни ривали на Наполи, но италјанскиот шампион најави тужба против федерацијата и тренерот.
„Му посакуваме добредојде на Спалети. Репрезентацијата секогаш заслужува голем тренер и со неговите квалитети ќе ги надминеме предизвиците кои следуваат“, вели претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина.
⚽️ 𝗟𝘂𝗰𝗶𝗮𝗻𝗼 𝗦𝗽𝗮𝗹𝗹𝗲𝘁𝘁𝗶 è il nuovo 𝗖𝗧 della #Nazionale 🇮🇹
🗣 Gravina: "Il suo entusiasmo e la sua competenza saranno fondamentali"
📄 Il comunicato 👉🏻 https://t.co/mnthIscXWw#Spalletti #Azzurri #VivoAzzurro pic.twitter.com/aw8yT4TVML
— Nazionale Italiana ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri) August 18, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал без Мбапе против Хетафе, под знак прашалнике е и за финалето на Купот

Првотимецот на Реал, Килијан Мбапе ќе го пропушти натпреварот против Хетафе поради повреда на скочниот зглоб на десната нога и е неизвесен за саботното финале од Купот на Кралот против Барселона.
„Се уште чувствува болка и нема да може да му помогне на тимот. Тој се повреди на натпреварот против Арсенал минатата среда и оттогаш прима терапија. Прави се за да биде на располагање во сабота”, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти на прес-конференција.
Во меѓувреме, Реал беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите, од Арсенал. Мадриѓаните во Ла Лига заостануваат зад лидерот Барселона на четири бода, па најголема шанса за освојување на трофеј им е Купот. Финалето во Купот на програмата е в сабота од 22 часот, на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја.
Мбапе не играше против Атлетик Билбао во неделата поради суспензија.
Спорт
УЕФА подели 233 милиони евра – Шкендија доби најмногу од македонските клубови

Европската фудбалска унија (УЕФА) подели 233 милиони евра на адреси на 901 клуб преку бенефит програмата.
Парите се исплатени на клубовите од сите 55 европски сојузи кои се членки на Европската фудбалска унија.
На овој начин УЕФА им додели на клубовите кои во периодот од 2020 до 2024 година им дозволија на своите играчи да настапуваат за нивните репрезентации во натпревари под покровителство на УЕФА.
Станува збор за два циклуса од Лигата на нациите, Европското првенство и квалификациите за Светското првенство.
Македонските клубови од оваа програма добија 150.000 евра. Парите се распределени на седум клубови, кои во наведениот период имале репрезентативци. Речиси половина од парите доби Шкендија, поточно 65.862 евра, следуваат Работнички со 25.613 евра, Академија Пандев со 21.954 евра и Вардар со 14.636 евра. Силекс, Шкупи и Македонија ЃП добија по 7.318 евра.
Најмногу пари во оваа распределба доби Манчестер сити (5,1 милиони), додека зад „граѓаните“ се Интер (4,6 милиони), ПСЖ (4,4 милиони), Баерн (4,3 милиони).
УЕФА соопшти дека бенефит програмата за клубовите е зголемена за 33 милиони во однос на претходната сезона и дека е зголемен бројот на клубови кои добиле пари, што е последица на поголемиот број репрезентации на ЕП.
ТУКА можете да го погледнете комплетниот список на клубови кои добиле пари од УЕФА.
Спорт
Димитриевиќ го напушта Милано?

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ (27) веројатно ќе го напушти Милано по само една сезона.
Димитријевиќ пристигна во Милано претходното лето, зад себе има солидна сезона (7,6 п, 2,9 ас) и неколку забележителни натпревари (на Реал му даде 22 поени, на Панатинаикос 15, на Фенербахче 15…), но тренерот Еторе Месина во моментов не смета на него.
Последниот меч за Милано Димитријевиќ го одигра на почетокот на април, против Реџана во лигата (9 мин, 4 п.).
Тој отсуствуваше на следните три натпревари, а италијанските медиуми пренесуваат дека Македонецот ќе го напушти тимот на крајот од сезоната иако има уште една година од договорот со клубот.
Неговиот поранешен клуб Уникс, каде Димитријевиќ ги одигра најдобрите натпревари во кариерата, сака да го врати во своите редови.
„Проблемот е што тој има договор со Милано и за следната сезона. Ненад сака да игра, а ние се обидовме да го доведеме пред почетокот на плеј-офот, но Месина беше тврдоглав. Очигледно, Месина не ја сака Русија иако работеше тука долги години со голем успех”, изјави долгогодишениот функционер во клубот, Евгениј Богачев.
Оперативецот на Уникс вели дека нема да се откаже од Димитиријевиќ, бидејќи многу ги цени неговите квалитети.
„На Ненад му е јасно дека е на возраст кога треба да игра, а не да седи на седи на клупата. Ова што му се случува сега може да влијае на неговата понатамошна кариера. Дали ќе се обидеме повторно да го доведеме? Ќе видиме што ќе се случи на лето”, изјави Богачев.
Во својата последна сезона во ВТБ лигата, Димитријевиќ имаше просек од 18,9 поени, 3,6 скока и 6,9 асистенции по натпревар. Во сезоната 2023/2024 беше МВП на лигата.
Инаку, Милано, минатото лето на Уникс му плати 100.000 евра за Димитријевиќ.