Спорт
Клоп лут на своите фанови: Престанете да ги пеете тие глупости

Ливерпул на домашен терен го победи Бурнмаут со 3:1 во второто коло од Премиер лигата. Тоа беше прва победа за тимот на Јирген Клоп оваа сезона. Навивачите на „Енфилд“ околу 15. минути ја пееја песмата посветена на Јирген Клоп, во моментите кога „црвените“ губеа со 0:1.
Тоа не му се допадна на тренерот на Ливерпул, па почнал да им вика: „Престанете! Може ли да престанете да го пеете тоа ср..е.“.
Песната посветена на Клоп е всушност преработка на песната на Битлси „I feel fine“, која на Клоп му се допадна на почетокот, но ги замоли фановите да не ја пеат повторно по поразот од Тотенхем минатата сезона со 4:3.
Тој тогаш за медиумите им изјави дека не му се допаѓа кога се пее таа песна бидејќи му остава впечаток дека натпреварот е завршен, а сака сите да бидат концентрирани до последниот свиреж.
„Пејте надвор кога ќе заврши натпреварот, а не на стадионот“, им порача Клоп на навивачите.
Зборовите одат вака:
„Многу ми е мило што Јирген е Црвен.
Многу ми е мило што го испорача тоа што го кажа.
Јирген ми рече, знаеш ќе ја освоиме Премиер лигата. Така рече.
Заљубен сум во него и се чувствувам добро“.
Klopp gesturing to the fans to stop singing his song: “Can you stop singing that shit, can you stop it?!”
by u/SZO8O in soccer
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Денвер нема намера да се откаже од Валанчунас

Литванскиот центар, засега, останува во Денвер, кој го гледа Јонас Валанчунас како клучна резерва за Никола Јокиќ.
Додека во Панатинаикос нетрпеливо чекаат разрешница на ситуацијата околу Валанчунас, од САД доаѓаат вести што нема да им се допаднат. Денвер Нагетс не сакаат да го пуштат.
Како што објави секогаш добро информираниот НБА инсајдер Марк Штајн, Валанчунас останува во НБА бидејќи Денвер го гледа како клучен играч од клупата, како резерва за најдобриот играч Никола Јокиќ. Иако
Литванецот, од вчера е во Атина, имал контакти со луѓе од Панатинаикос, но трансферот во моментов е на чекање.
Причината? Сè е дел од веќе договорената размена, Дарио Шариќ оди во Сакраменто, а Валанчунас во Колорадо.
Откако размената ќе стане официјална во недела, 6 јули, Нагетс планираат да го активираат неговиот договор и да го задржат во тимот.
„Нагетс се решени да го задржат Валанчунас како резервен центар на Јокиќ, и покрај понудата на Панатинаикос“, нагласи Штајн.
Валанчунас, ако остане во Денвер следната сезона ќе заработи 10,4 милиони долари, односно кога ќе ги плати сите даноци, ќе му останат 4,2 милиони долари. Панатинаикос од друга страна му понуди три годишен договор, вреден 12 милиони долари (четири милиони долари по сезона).
Foto/ EPA-EFE/CJ GUNTHER
Спорт
Виера го блокирал трансферот на Варди во Џенова

Тренерот на Џенова, Патрик Виеира, не го сака ветеранот Џејми Варди во својот тим. Иако италијанските медиуми објавија дека клубот и напаѓачот постигнале договор, Виера го стопиал трансферот.
Според „Ла Република“, Варди бил блиску до преселба во Џенова откако неговиот договор со Лестер истече на крајот на јуни. И покрај ова, Виеира не бил убеден дека тоа е добра идеја поради што решил да го блокира трансферот.
Медиумите наведуваат дека спортскиот директор на Џенова, Флавио Ричардела, ги водел преговорите со напаѓачот, а договорот со спонзорот да ја преземе платата веќе бил постигнат.
Но, и покрај постигнатиот договор, Виеира ставил вето на трансферот.
Варди, кој беше дел од легендарната генерација на Лестер која во 2015/16 ја освои Премиер лигата, сега, според достапните информации е блиску до трансфер во шкотски Ренџерс.
Foto/ EPA-EFE/ANDY RAIN
Спорт
Галатасарај му нуди богат договор на Свилар

Миле Свилар е официјално најдобриот голман на италијанската Серија А за сезоната 2024/2025. Но, и покрај ова, Рома сè уште не му понудила нов договор.
Во Рим се уште размислуваат дали да му понудат нов договор, што на крајот може скапо да го чини клубот. Галатасарај, кој бара замена за долгогодишниот голман и капитен Фернандо Муслера, реши да ја искористи оваа неодлучност на челниците на римската „волчица“.
Како што објави римската „Република“, турскиот шампион излезе со понуда за српскиот голман, која е тешко да се одбие.
Имено, Галата му нуди на Свилар нето плата од 6.000.000 евра по сезона. За споредба, според актуелниот договор што го има со Рома, Свилар заработува „само“ 3.000.000 евра годишно.
Одлуката на Свилар сè уште е непозната, но со оглед на условите и амбициите што ги има Галата на сите фронтови, тој многу лесно би можел да одлучи да се пресели на Босфорот.
Доколку тој каже „да“, тогаш треба да се договороат клубовите, бидејќи неговиот договор со Рома е сè уште активен до 2027 година.
Foto/ EPA-EFE/FABIO FRUSTACI