Спорт
Борба на титаните во Синсинати – Ѓоковиќ спаси меч топка и го победи Алкараз

Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале го победи Карлос Алкараз и го освои Мастерсот во Синсинати со 5:7, 7:6, 7:6. Спрскиот тенисер трет пат во кариерата го овој Мастерс и во својата колекција ја придодаде 39. Мастерс титула. Со овој триумф, Ѓоковиќ го израмни резулатот во меѓѓусебните дуели со Алкараз на 2:2.
Светскиот број 1 и 2, во Синсинати одиграа еден од најдобрите мечеви оваа сезона и направија сјајна увертира за Ју-ес опен, каде тениските фанови ќе очекуваа ново финале на овие двајца.
Финалето беше вистински ролеркостер, траеше речиси четири часа (3 часа и 49 минути).
„Еден од најтепките и највозбудливите мечеви што сум ги одиграл во кариерата“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
Водеше Ѓоковиќ со 4:2, но првиот сет му припадна на Алкараз.
Во финишот на првиот сет и на почетокот на вториот, Ѓоковиќ имаше проблеми со топлото време и високата влажност на воздухот. Побара медицинска помош по третиот гем од вториот сет, откако со три дупи грешки му подари брејк на противникот.
Алкараз поведе со 4:2 и од тој момент започна подемот на српскоот тенисер. Го врати брејкот, а потоа во тај-брејкот спаси меч топка и успеа да израмни на 1:1 Тај-брејкот Ѓоковиќ го доби со 9:7.
Моментумот во третиот сет, се до самиот финиш беше го имаше Ѓоковиќ. Направи брејк во седмиот гем, имаше предност 5:3, но Алкараз се погрижи драмата да кулминира.
Спаси две меч топки во деветтиот гем, а потоа уште две кога Ѓоковиќ сервираше за победа.
На крајот тај-брејкот го реши шампионот. Ѓоковиќ повотрно за нијанса беше подобар ја доби 13. игра со 7:4.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико без најдобриот играч отпатува во Ливерпул

Ливерпул, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од најпривлечните натпревари во првото коло, во Лигата на шампионите.
„Јорганџиите“ ќе бидат хендикепирани на „Енфилд“, тренерот Диего Чоло Сименоне нема да може да смета на првиот напаѓач, Хулијан Алварез.
За време на викендот против Виљареал, Аргентинецот почувствува непријатност во коленото, беше заменет, а по лекарските прегледи беше одлучено да се одмори и да го прескокне дуелот со шампионите на Англија.
Во негово отсуство, нападот на Атлетико ќе го предводат Антоан Гризман и Александар Серлот.
Атлетико објави дека Тијаго Алмада, Алекс Баена и Хозе Марија Хименез ќе го пропуштат натпреварот со Ливерпул.
Натпреварот во Ливерпул ќе започне во 21:00 часот.
Спорт
Седумте величествени на Карло Анчелоти

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти (66) ги избра најдобрите играчи што ги тренирал во својата богата тренерска кариера. Италијанецот избра седум играчи.
Заедно со Модриќ, Анчелоти ги додаде и Бразилците Роналдо Назарио и Кака, кои ги тренираше во Милан, Дидие Дрогба од Брегот на Слоновата Коска, со кого работеше во Челзи, и ѕвездите на Реал Лука Модриќ, Винисиус Жуниор, Тони Крос и Кристијано Роналдо.
Карло Анчелоти е еден од најуспешните и најпочитуваните фудбалски тренери на сите времиња. Неговата тренерска кариера започна во средината на 1990-тите, а преку долгогодишна работа тој ги водеше врвните клубови низ Европа и освои импресивен број трофеи.
Откако ја заврши фудбалската кариера, тој започна како помошник тренер на италијанската репрезентација под водство на Ариго Саки на Светското првенство во 1994 година.
Во раната фаза на самостојната тренерска кариера ги тренираше Реџана, Парма и Јувентус помеѓу 1995 и 2001 година. Кариерата во нагорна линија започна да му се движи кога стана тренер на Милан (2001 – 2009), освои голем број големи трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Тој ги водеше германскиот Баерн Минхен, англискиот Челзи (ја освои Премиер лигата и ФА Купот), францускиот Пари Сен Жермен (шампион на Лига 1) и шпанскиот Реал Мадрид, каде што постави рекорди по бројот на освоени трофеи и Лигата на шампионите.
По Реал Мадрид, тој ги тренираше Наполи и Евертон, се врати во Реал, а од јуни 2024 година е селектор тренер на Бразил.
Вкупно, тој освои пет Лиги на шампиони, што е рекорд за тренер. Тој освои лиги во сите пет најдобри европски првенства (Италија, Англија, Франција, Германија, Шпанија).
Три пати го освои Светското клупско првенство на ФИФА. Има пет Суперкупови на УЕФА.
Вкупно, тој освои 15 трофеи со Реал Мадрид, што го прави најтрофеен тренер во историјата на клубот.
Foto/ EPA
Спорт
Аморим доби поддршка од челниците на Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, вети дека нема да ја менува својата фудбалска филозофија, а клупските челници не планираат да го сменат тренерот, објавија британските медиуми.
„Клубот од Олд Трафорд има долгорочен план и иако постои незадоволство од моменталните резултати, нема да има ненадејни реакции или по секој натпревар да се преиспитува иднината на тренерот, без разлика колку е гласна бучавата однадвор“, објави „Скај Спортс“.
Откако легендарниот Сер Алекс Фергусон го напушти Јунајтед пред 12 години, клубот имаше осум тренери и двајца привремени тренери.
„На Аморим му е потребен добар настап и резултат во претстојниот натпревар против Челзи за време на викендот, во спротивно повиците за негово отпуштање само ќе растат“, пишува „Скај Спортс“.
Во недела на „Етихад“, Јунајтед го загуби дербито на Манчестер против Сити со 0:3.
Со четири бода од првите четири натпревари, Јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата од сезоната 1992/1993. Тимот беше елиминиран и од Лига купот, со сензационалниот пораз од тимот од четвртата лига Гримсби на пенали.
Минатата сезона, Јунајтед освои најмалку бодови во својата историја во Премиер лигата (42).
Foto/ EPA