Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се избори, единствениот излез од кризата

„Ковачевски и СДС не се веќе фактор, единствениот излез се избори. Ковачевски цела година лаже дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени. Во петокот цела Македонија виде дека Ковачевски лажел“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и ДУИ не само што немаат легитимитет, и не само што немаа 80 пратеници, туку едвај имаа 70 пратеници.
Пратеници од СДС и од нивната коалиција не се за уставни измени и тоа сите го видоа“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски и СДС не можат да ги убедат ниту сопствените пратеници. Ковачевски и СДС се дефакторизирани. Никој повеќе не ги слуша Ковачевски и СДС, ниту некому му е важно што тие мислат. Тие ја донесоа државата во ќорсокак и не се способни да ја извадат од таа ситуација.
Потребни се избори, како единствен начин за излез од кризата“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Директорот на геријатрија зел 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице

Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија, Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно лице во геријтриската установа.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, откривајќи детали за акцијата на МВР со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти дека поткупот бил во износ од 20.000 евра.
За жал, кога сѐ уште владее национална тага, вели Јанев, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат.
Тој уверува дека нема да се дозволи ваквите случаи да останат неказнети.
Мухсин Арифи беше приведен денес заедно со уште едно лице во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.
Македонија
Предложено е спојување на Фондот за иновации со Агенцијата за поддршка на претприемништво

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реорганизација на Фондот за иновации и технолошки развој и предлог за спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво.
Владата го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 10 дена да формира работна група со претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Фондот за иновации и технолошки развој која ќе има за цел да изработи нов или измена и дополнување на Закон за иновациска дејност со кој ќе се регулира реорганизацијата на Фондот за иновации и технолошки развој.
Македонија
Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за градски превоз

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на 120 еколошки автобуси за градски превоз.
Министерството за транспорт е задолжено да ја отпочне постапката за јавна набавка.
Распределбата ќе се изврши согласно ургентноста, економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа, се вели во информацијата од владината прес-служба.