Спорт
Ливерпул и Јунајтед ја следат ситуацијата со Гравенберх
Фудбалерот на Баерн Минхен, Рајан Гравенберх има желба до крајот на преодниот рок да го напушти Баерн Минхен. Холанѓанецот е незадоволен од минутажата во тимот на Томас Тухел и заедно со менаџерот Хозе Фортес Родригез разгледува бројни понуди. Баерн според медиумите нема намера да се откаже од услугите на Гравенберх.
Младиот Холанѓанец, наводно бил импресиониран од интересот од Ливерпул. Англиските медиуми тврдат дека Јирген Клоп многу го цени и би сакал да го иам во својот тим.
Гравенберх сака да игра редовно за да може да конкурира за место во репрезентацијата за Европското првенство во 2024 година.
Сепак прашање е дали Гравенберх намистина му е потребен на Ливерпул. Новинарот на „Атлетик“, Џејмс Пирс, пишува дека Ватару Ендо е доведен да игра стандардно како класична „шестка“, што автоматски делумно ја затвора вратата за можниот трансфер на Холанѓанецот.
Плус, Клоп покрај Ендо на таа позиција го има и Стефан Бајчетиќ, кој наскоро ќе се врати во тимот. Лани тој дебитираше за Ливерпул, а се очекува онаа сезона да добие уште поглема минутажа.
Гравенберх се поврзува и со Манчестер јунајтед, на чија клупа седи Ерик тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ бараат партнер за касемиро во дефанзивниот дел од средноот ред.
Гравенберх во Баерн се пресели лани од Ајкас како слободен играч. Се проценува дека неговата цена изнесува околу 20.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола во Италија ја најде замената за Родри
Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола потврди дека сезоната е завршена за Родри (28). Фантастичниот играч за врска и еден од најдобрите фудбалери во светот ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено на премиерлигашкиот натпревар против Арсенал (2:2) одигран на 22 септември.
„Гардијан“ пишува дека Сити размислува да го доведе Самуеле Ричи (23) од Торино како замена за Родри. Станува збор за Италијанец способен да игра на неколку позиции во средниот ред.
Ричи е меѓу најголемите желби на Сити за зимскиот преоден рок. За да го доведат сопствениците на Манчестер сити ќе треба да платат околу 36 милиони евра, пишува „Гардијан“.
Спорт
(Видео) Погачар ја освои светската титула
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион, откако ја обезбеди титулата на шампионатот што се одржа во Цирих, Швајцарија.
Тој ја комплетираше „тројната круна“, бидејќи покрај оваа титула претходно беше победник на Тур Д’Франс и на Џиро Д’Италија.
Погачар оваа сезона собра вкупно 589 поени, што ја прави најдобра во историјата на велосипедизмот.
Досега најдобрите сезони, дури шест во периодот од 1969 до 1974 година, ги извезе Белгиецот Мерчк.
📊🇸🇮Pogačar 2024 is the best season in male pro-cycling ever according to @prestigelisten.
589 | 🇸🇮Pogačar’24*
585 | 🇧🇪Merckx’72
576 | 🇧🇪Merckx’73
548 | 🇧🇪Merckx’70
540 | 🇧🇪Merckx’71
511 | 🇧🇪Merckx’69
507 | 🇧🇪Merckx’74
440 | 🇮🇹Coppi’49
384 | 🇮🇪Roche’87— Cycling Statistics 📊 (@StatsOnCycling) September 29, 2024
Исто така, оваа година Погачар беше најбрз на престижните трки Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Волта Каталуња и Страда Бјанка.
Словенецот славеше во Цирих со време од 6:27.30, што е за 34 секунди побрзо од второпласираниот Австралиец Бен О’Конор и бронзениот Метју ван дер Пол од Холандија.
Tadej Pogačar is World Champion 🤩🌈
Attacking with 100km to go, the Slovenian completes the triple crown of the Giro, Tour de France and Worlds in one season 👏#Zurich2024 pic.twitter.com/SkzXDXXNv9
— Eurosport (@eurosport) September 29, 2024
Спорт
Пандев за клупската телевизија ќе го коментира мечот Интер-Црвена звезда
Интер во вторник ќе ја пречека Црвена звезда во второто коло, во Лигата на шампионите. За клупската телевизија како стручен консултатнт натпреварот ќе го работи еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Горан Пандев.
Звезда е неговата прва љубов, но со Интер ги доживеа најубавите моменти во кариерата. Нема да биде лесно да се одлучите на кого ќе навива.
„Да, тежок избор. Кога бев дете, речиси сите во Македонија ја поддржуваа Црвена звезда, но Интер ја одбележа мојата кариера, таму освоив се. Би сакал да биде добар натпревар, нека биде возбудлив и многу голови. од двете страни“, изјави Пандев за „Моцарт спорт“.
Интер е шампион на Италија, пред две сезони играше во финалето на Лигата на шампионите и јасно е дека е апсолутен фаворит во дуелот со црвено-белите.
„Интер не ја започнаа добро сезоната поради многу повреди во тимот, но влегуваат во ритам. Славеа на гостински терен против одличниот тим на Удинезе и се вратија на победничкиот колосек. Интер има одлични играчи на клупата што можат да направат разлика. Во Удине на местото на повредениот Барела играше Фратези скоро цел натпревар, дури и даде гол, но мислам дека Зјелински ќе стартува покрај Чалханоглу и Мхитаријан во редот за врска против Звезда. Од почеток треба да играат и Дамфрис и Павар кои одмараа“.
Пандев смета дека овој тим на Интер не може да се замисли без двајца фудбалери.
„Без Чалханоглу, овој тим е незамислив. Тој е лидер, а конечно во ритам влезе и Лаутаро со два гола против Удинезе. Тој е врвен напаѓач, само прашање на време беше кога повторно ќе почне да постигнува голови“.
Барела нема да игра прптов Црвена звезда поради повреда, а српскиот шампион на „Џузепе Меаца“ ќе биде без најдобриот играч Мирко Иваниќ, десниот бек Огњен Мимовиќ и веројатно без израелскиот голман Омри Глазер.
„Штета за Иваниќ, тој е одличен играч, но Звезда летово донесе квалитетни фудбалери како Круниќ и Силас, кои знаат да играат јаки натпревари. Имаат физички силен тим и ми се чини дека се добро подготвени. Ќе играат во Милано без притисок, немаат што да загубат. Од Интер се очекува да победи, но тоа не е секогаш лесно, особено не во Лигата на шампионите каде што сите играчи и тимови се желни. да се докажат“, рече Пандев.