Свет
Индија може да стане првата земја што ќе слета на Јужниот Пол на Месечината
Индиската вселенска агенција објави снимки што нејзиното вселенско летало ги снимило од далечната страна на Месечината додека имала обид за слетување на Јужниот Пол на Месечината, само неколку дена по неуспехот на руски „лендер“.
Вселенското летало „Чандрајаан-3“ на Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO) беше во трка со Русија да биде првото што ќе слета на лунарниот Јужен Пол, регион чии засенчени кратери се смета дека содржат воден мраз, каде што во иднина би можеле да се обезбедат услови да за живеат луѓе.
По неуспехот на руската мисија „Луна-25“, ИСРО соопшти дека „Чандрајаан-3“ е на пат да слета на 23 август.
Ова е втор обид на Индија да слета на Јужниот Пол на Месечината. Во 2019 година мисијата „Чандрајаан-2“ на ИСРО успешно распореди орбитер, но нејзиниот „лендер“ се урна.
Сликите објавени во понеделникот покажаа кратери на површината на Месечината снимени со камерата за откривање и избегнување опасност од слетување на леталото ИСРО, која е дизајнирана да помогне да се најде безбедно место за слетување на леталото.
Индиската мисија на Месечината почна на 14 јули, а модулот за слетување „Чандрајаан-3“ се одвои од погонскиот модул минатата недела.
За Индија, успешното слетување на Месечината би го означило нејзиното појавување како вселенска сила бидејќи владата на премиерот Нарендра Моди сака да поттикне инвестиции во приватни вселенски лансирања и поврзани бизниси базирани на сателити.
„Доколку ‘Чандрајаан-3’ успее, тоа ќе го зајакне угледот на индиската вселенска агенција во светот. Тоа ќе покаже дека Индија станува клучен играч во истражувањето на вселената“, рече Маниш Пурохит, поранешен научник од ИСРО.
Успешната мисија ќе ја направи Индија само четвртата земја што ќе успешно слета на Месечината по поранешниот СССР, САД и Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија со предупредување за „црн мраз“ на патиштата
Германската метеоролошка служба издаде предупредување за „црн мраз“, мраз на патиштата во областа од Хамбург до централна Баварија и низ целата покраина Северна Рајна-Вестфалија.
„Избегнувајте непотребни патувања и останете во затворен простор колку што е можно повеќе“, се вели во соопштението, пренесува „Билд“.
Во текот на ноќта во Германија се случија голем број сообраќајни несреќи поради мраз на патиштата, според медиумот.
Надлежните служби во покраината Баден-Виртемберг објавија дека имало неколку сообраќајни несреќи предизвикани од мраз.
Во делови од Баварија, многу патишта ќе останат затворени денес поради ризик од паѓање дрвја или кршење гранки, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Огромно свлечиште во Сицилија: најмалку 1.500 жители се евакуирани
Најмалку 1.500 жители на градот Нисеми, во јужна Сицилија, беа евакуирани од своите домови откако силната бура, предизвикана од циклонот Хари, предизвика големо свлечиште на ридот над градот. Свлечиштето отвори процеп долг околу четири километри, кој продолжува да се шири и се заканува да ги зафати најранливите делови од населбата.
Градоначалникот на овој ридски град, Масимилијано Конти, рече дека ситуацијата е исклучително сериозна, бидејќи дел од наклонот целосно попуштил, оставајќи бројни куќи опасно надвиснати над работ на карпата. Како што објавува Гардијан, првите знаци на поместување на земјата беа забележани во неделата, но свлечиштето набрзо се претвори во широк фронт што се протега на километри.
26.01.2026#Italy
1,500 people were affected by a landslide caused by rain in Niscemi, Sicily. The landslide extended 4 kilometers, isolating entire neighborhoods and destroying infrastructure, damaging roads and water mains.Twenty homes were damaged,and 15 cars were washed away. pic.twitter.com/bhpuD8hokR— Climate Review (@ClimateRe50366) January 26, 2026
Постои сериозен страв дека свлечиштето би можело да го проголта историското јадро на градот. „Ова е драматично свлечиште“, рече Конти во видео обраќање објавено на социјалните мрежи, апелирајќи до граѓаните надвор од оградените зони да останат во своите домови и да не преземаат непотребни ризици.
“Incredible images of the landslide that is currently striking the city of Niscemi, Sicily, Italy 🇮🇹”
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9BxDsKDVZ1 pic.twitter.com/QzDscvRutc
— ByTheSea (@TheLittleNest_) January 26, 2026
„Не сакам никој да го сфати овој настан лесно. За среќа, никој не е повреден, но материјалната штета на куќите е голема“, рече градоначалникот.
Генералниот директор на Цивилната заштита на Сицилија, Салваторе Кочина, предупреди дека се очекува сите згради во зоната од 50 до 70 метри од пукнатината да се урнат, поради што безбедносните мерки се дополнително заострени.
Поради вонредната состојба, училиштата во Нисеми денес беа затворени, а патот што го поврзува градот со крајбрежниот град Џела беше затворен за сообраќај. Повеќето од евакуираните беа привремено сместени кај роднини и пријатели, додека неколку стотици луѓе ги поминаа последните две ноќи во локалната спортска сала.
Градот има околу 25.000 жители, а локалните власти предупредуваат дека ситуацијата ќе биде внимателно следена во наредните денови, бидејќи постои опасност од понатамошно ширење на свлечиштето.
Свет
Kинескиот претседател: Кина и Европа се партнери, а не соперници
Кина и Европа се партнери, а не соперници, изјави кинескиот претседател Шји Џјинпинг на денешната средба со финскиот премиер Петер Орпо во Пекинг, објави Синхуа.
Шји ја изрази подготвеноста на Кина да соработува со Финска за цврсто да го поддржи системот со Обединетите нации во центарот, врз основа на меѓународното право, за заедничко справување со глобалните предизвици.
Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат праведен и уреден мултиполарен свет, како и универзално корисна и инклузивна економска глобализација.
Шји ја повика Финска да игра конструктивна улога во промовирањето на здрав и стабилен развој на односите меѓу Кина и Европската Унија и предложи длабинска соработка во области како што се енергетската транзиција, циркуларната економија, земјоделството, шумарството и научните и технолошките иновации.
Кинескиот претседател ги поздрави финските компании, повикувајќи ги да „пливаат во огромниот океан на кинескиот пазар“ со цел да ја зајакнат својата глобална конкурентност.
На состанокот беа разгледани и теми како што се безбедноста на Арктикот, инцидентот со подморските кабли и поддршката на Северна Кореја за руската инвазија на Украина, во контекст на претходните разговори меѓу Шји и финскиот претседател Александар Стаб во 2024 година.

