Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од две години

Денеска, во 12.35 часот, на улицата Радишанска во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А. Г. (46) од с. Радишани, Скопско.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето, според МВР, ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени возачи од Битола и од Ресенско, управувале возила со 1,87 и 1,86 промил алкохол

Утрово во 00.08 часот на крстосница составена од ул.„Филип Втори Македонски” и ул.„Баталјон Стив Наумов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.К.(44) од Битола.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „ровер” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Р.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта.
На 25.07.2025 во 00.15 часот на ул.„Борис Кидрич” во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Н.Т.(44) од с.Јанковец,ресенско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило„хјундаи” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсен пијан возач од Тетовско: учествувал во сообраќајна незгода

Утрово во 02.40 часот на ул.,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за бездност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(49) од с.Брвеница, тетовско.
При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода на улицата, во која учествувал Д.С. со своето возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, со дрегер било утврдено дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.
Д.С. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Топ
Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница – Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против 60-годишната М.Д. од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Првопријавената, како директор на Јавна здравствена установа-Специјализирана болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 година склучила три договори на дело со лице од Ресен, од кои, потпишала само два, додека третиот е потпишан од трето лице, за негово работно ангажирање за изведување на градежни активности, но лицето воопшто не било присутно и ангажирано во установата.
Исто така, првопријавената, користејќи го задолжениот токен, во текот на наведениот период ги одобрила и потпишала налозите за исплата од жиро сметката на установата, за сума во вкупен износ од 145.904 денари, за кој износ му нанела штета на Министерството за здравство.
Второпријавената, како правник и советник за човечки ресурси, ги изготвила конкретните три договори на дело, без согласност од лицето, ги искористила неговите лични податоци и број на трансакциска сметка од банка, со што преку исплата на финансиски средства, по основа на фиктивно извршени услуги, на установата и нанела штета во износ од 145.904 денари.