Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Џафери го прекрши Деловникот, не ги стави на гласање уставните измени затоа што знае дека ќе пропаднат
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Талат Џафери го прекрши Деловникот за работа на Собранието.
Џафери, велат од оваа партија, мораше да ги стави на гласање уставните измени, не ги стави само затоа што знаеше дека веднаш ќе пропаднат и едвај 70 пратеници ќе гласаат.
„Џафери знае дека ДУИ и СДС немаат мнозинство и за да ја спаси власта, ги крши законите. Џафери мора да ги почитува чл. 95 и 96, кои се децидни дека не смее да се одложи гласање за измена на Уставот, и повикување членови од Деловникот, кои важат за измени на закон, а не на Уставот“, се додава во реакцијата на опозициската партија.
Џафери, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, е ставен во улога на спасител на владините фотелји наместо да работи по закон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер.
Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Под влијание на циклонска активност утре и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Особено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час. На почетокот на неделата ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот.
Македонија
Меџити-Вал: заедничка цел зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска беше домаќин на работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Килиан Вал.
Меџити и Вал разговараа за можностите за соработка во континуирано партнерство со цел унапредување на приоритетните реформи во согласност со заложбите на ОБСЕ.
Двајцата соговорници се согласија дека имаат за цел зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата, родовата еднаквост и зајакнувањето на младите, додека промовирањето на транспарентноста, човековите права и одржливиот развој за доброто на сите граѓани остануваат заедничка цел.
Меџити повтори дека е максимално посветен на напредокот на интеграциската агенда на земјата кон зачленување во Европската унија, како единствено решение и со масовна поддршка од граѓаните.
Македонија
(Видео) Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица
Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.
Одлуката беше донесена од страна на Советот на Општина Прилеп на вонредна седница.
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчевски во своето обраќање рече: „Како градоначалник, како лекар, но пред се како човек утрово со тага ја примив веста за прераната смрт на нашите сограѓани, на еден прекрасен тим на специјалисти и медицински кадар. Еден тим кој животот го посвети во давање на помош и спасување на животи. Дури и на тој пат одеа да спасат животи. Прилеп и Македонија губат врвни луѓе, посветени на својата професија“, нагласи тој.
Несреќата се случила утрово при судир на автомобил во кое биле медицинските лица и товарен камион.