Свет
Шинаватра се врати на Тајланд: милијардерот се соочува со осум години затвор

Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра, кој избега од земјата пред 15 години, се врати на Тајланд, каде што му се заканува затворска казна од осум години.
Затворската казна опфаќа три случаи – злоупотреба на службената положба и проневера, незаконски налози на државната банка за издавање кредити и незаконско поседување акции преку посредници.
Таксин претходно денеска беше изведен пред Врховниот суд, но неговото враќање во земјата се совпаѓа со обидот на неговите сојузници да формираат влада.
Шинаватра, бегалецот на популистичкото движење Пеу Таи, кратко се појави со членовите на семејството на аеродромот „Дон Муанг“ во Бангкок за да ги поздрави стотиците свои поддржувачи пред да се врати во зградата на терминалот.
Шинаватра побегна во странство во 2008 година за да избегне затвор поради злоупотреба на службената должност, две години по соборувањето со воен удар додека беше во Њујорк, каде што присуствуваше на состанок на ОН како премиер.
По државниот удар, тој накратко се врати на Тајланд, но во 2008 година побегна од земјата под обвинение за корупција.
Врховниот суд на Тајланд потврди дека Таксин Шинаватра е осуден на осум години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.