Македонија
Османи од Шпанија: Проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан е врвен безбедносен интерес за ЕУ

„Обединета и просперитетна Европа во мир може да се постигне само со обединет и просперитетен Западен Балкан во мир. Во таа смисла, ова е редок случај на очигледен споделен интерес и за ЕУ и за Западен Балкан. Политички, економски, културолошки, па дури и географски, ние сме патници на истиот брод“, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во денешното обраќање на летната академија Quo vadis Europa? во Сантандер, Шпанија, организирана од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Борел, и Меѓународниот универзитет „Менендез Пелајо“.
Во обраќањето Османи се осврна на зголемениот акцент на важноста на проширувањето на ЕУ потенцирајќи дека постои консензус кај државите од регионот и кај држави членки на ЕУ дека тоа сè уште не е доволно. „20 години по самитот во Солун, итно ни е потребна среднорочна визија за нашиот регион во рамките на Унијата“, истакна министерот.
Османи истакна дека дефинирањето јасен пат за идните проширувања со државите од Западен Балкан со 2030 година како поставена цел претставува врвен безбедносен интерес за самата ЕУ.
Истовремено, осврнувајќи се на потребата од конкретни придобивки за нашите граѓани на патот кон членството во ЕУ, го поздрави новиот план за раст на Западен Балкан, предложен од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, втемелен врз нашиот концепт „повеќе интеграција пред членство во ЕУ“.
„До целосното пристапување во ЕУ потребна ни е засилена визија заедно со веродостојни и реални чекори во меѓувреме со цел унапредување на демократскиот развој, подобрување на економските можности и поттикнување на помирувањето во Западен Балкан. Тие подразбираат зголемување на претпристапните фондови, прогресивно пристапување кон единствениот пазар, продлабочување на регионалната економска интеграција, отстранување на квотите за земјоделските производи и вклучувањето на државите од регионот во трговските и инвестициските политики на ЕУ“, заклучи Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.